MotoGP

MotoGP: Маркез со неверојатни 10 победи на 10 трки

Ако до пред некоја трка беше неизвесно дали Маркез ќе успее да ја одбрани шампионската титула, сега веќе никој не се сомнева во тоа, единственото прашање е дали ќе успее да победи на сите 18 трки во шампионатот?

Следете нè на:

 

93marquez gp 0442 original10 од 10 за Маркез

Ако до пред некоја трка беше неизвесно дали Маркез ќе успее да ја одбрани шампионската титула, сега веќе никој не се сомнева во тоа, единственото прашање е дали ќе успее да победи на сите 18 трки во шампионатот?

Трката која викендов се возеше на патеката Индијанаполис во САД не донесе ништо ново, Марк Маркез со својата Хонда дојде до 10-та победа во сезоната, од вкупно 10 трки колку што се возеа до сега. Младиот Шпанец продолжува со соборување на рекордите, по вчерашната трка тој стана првиот возач по Мик Дуан во 1997 година кој победил на 10 последователни трки, ја забележа и 100-та победа за Шпанските возачи во МотоГП, или вкупно 500-та низ сите класи.

Маркез повторно покажа дека е незапирлив, имаше лош старт на трката на која Валентино Роси успеа да се избори за првата позиција веднаш по стартот, а на крајот сепак Маркез славеше. Роси возеше одлично на самиот старт, беше следен од Андреа Довициозо кој повторно покажа дека знае како се вози Дукати, но веднаш зад нив се најдоа Марк Маркез и Хорхе Лоренцо. Првите 7-8 кругови беа вистински празник за очи, претекнувања и борба за првата позиција која се граничеше со дозволеното, адреналин за сите пари. Убавата трка траеше само уште неколку круга, потоа Маркез и Лоренцо успеаја истовремено да го поминат Роси, па овој иако на неколку наврати се обидуваше да го помине Лоренцо, Маркез започна да прави разлика. И тука заврши се, Маркез на крајот славеше со релативно мала предност од 1,8 секудни пред Лоренцо, Роси веќе беше далеку зад него на третата позиција, а Педроса иако со бледо возење успеа да дојде до четвртата позиција.

Ако до пред некоја трка беше неизвесно дали Маркез ќе успее да ја одбрани шампионската титула, сега веќе никој не се сомнева во тоа, единственото прашање е дали ќе успее да победи на сите 18 трки во шампионатот? Секоја чест за Маркез кој вози навистина фантастично, има одличен мотор и во моментов е недостижен, но прашањето е што треба да се случи за МотоГП да не го изгуби сјајот? 

Резултати од Индијанаполис:

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 42'07.041
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.803
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +6.558
4 13 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +10.016
5 11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +17.807
6 10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +19.604
7 9 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +20.759
8 8 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati +39.796
9 7 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +40.507
10 6 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +55.760
11 5 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +1'05.130
12 4 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'05.346
13 3 5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'08.919
14 2 70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'09.203
15 1 23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'30.613
Без пласман
    2 Leon CAMIER GBR Drive M7 Aspar Honda 8 круга
    29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 13 круга
    41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 15 круга
    6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 15 круга
    9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART 21 круга
    8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia 22 круга
Не го завршија првиот круг
    68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati 0 круга
    19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 0 круга

Во генералниот пласман Маркез е водечки со максимални 250 бодови од 10 трки, втор е Педроса со 161 пред Валентино Роси со 157. На четвртата позиција е Лоренцо со 117, а петтопласиран е Андреа Довициозо со 108 бодови. Следната трка се вози идниот викенд на патеката Брно во Чешка.

 

comments

Би можело да ве интересира

ГН на Австралија донесе возбудлива трка со безброј претекнувања и голема борба, недостасуваше само директен дуел помеѓу претендентите за титулата, Марк Маркез и Андреа Довициозо.

Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.

Honda Super Cub, кој беше создаден во Јапонија, ја отсликува пасијата на компанијата да им служи на луѓето ширум светот. Како резултат на ваквата политика, Super Cub серијата веќе долго време предизвикува задоволство кај луѓето од целиот свет и успеа да стигне до бројка од 100 милиони произведени примероци.

Сега сме во многу тешка ситуација, особено кога настапуваме на влажни услови. И на суви услови имаме проблеми но барем можеме да бидеме малку поконкурентни.

Бројот на претсезонските тестови во 2019 година ќе биде ограничен и ќе се оддржат само во Сепанг и во Катар пред започнувањето на сезоната.

BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!