28
Вто, Мар
MotoGP

MotoGP: Маркез продолжува со доминацијата, трета пол позиција за него

Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион, Марк Маркез, продолжи со својата доминација во МотоГП шампионатот освојувајќи ја третата пол позиција во третата рунда од сезоната.

Следете нè на:

 

93marquezgpargentina 03argentina14mgp 218 original3 од 3 за Маркез, пол позиција во Аргентина за возачот на Хонда

Возачот на Хонда и актуелен Светски шампион, Марк Маркез, продолжи со својата доминација во МотоГП шампионатот освојувајќи ја третата пол позиција во третата рунда од сезоната.

Со време од 1'37.683 Марк Маркез го продолжува 100% учинок во 2014. Трета пол позиција во третата рунда, а зад себе веќе ги има двете победи на првите две трки, па со право можеме да кажеме дека возачот на Хонда ја продолжува доминацијата во шампионатот.

Дека успехот на Маркез не е случаен покажаа денешните квалификации во кои Хорхе Лоренцо со максимални напори успеа да дојде до втората позиција на стартот со заостанување од 0.742. Дани Педроса е последниот кој ќе стартува од првиот ред, трета позиција за него и заостанување од 0.968 во однос на Маркез.

Од вториот ред ќе стартуваат Алеш Еспергаро, Андреа Довициозо и Валентино Роси, додека пак третиот ред е резервиран за Бредли Смит, Андреа Ианон и Штефан Брадл.

Во продолжение и целосните резултати од квалификациите:

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 327.3 1'37.683  
2 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 321.7 1'38.425 0.742 / 0.742
3 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 324.5 1'38.651 0.968 / 0.226
4 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 319.5 1'38.794 1.111 / 0.143
5 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 324.3 1'38.856 1.173 / 0.062
6 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 320.9 1'38.949 1.266 / 0.093
7 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 321.8 1'38.958 1.275 / 0.009
8 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 324.7 1'39.237 1.554 / 0.279
9 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 323.4 1'39.297 1.614 / 0.060
10 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 325.0 1'39.429 1.746 / 0.132
11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 321.1 1'39.822 2.139 / 0.393
12 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda 309.7 1'40.541 2.858 / 0.719

 Трката се вози во недела со почеток во 19 часот по наше време, со пренос на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!