Втора последователна година Британското Гранд При беше местото на спектакуларен дуел помеѓу возачот на Репсол Хонда тимот Марк Маркез и возачот на Мовистар Јамаха тимот Хорхе Лоренцо. Оваа година Маркез беше човекот кој излезе како победник на Силверстоун, трка во која актуелниот Светски шампион го победи својот Шпански сонародник.

Втора последователна година Британското Гранд При беше местото на спектакуларен дуел помеѓу возачот на Репсол Хонда тимот Марк Маркез и возачот на Мовистар Јамаха тимот Хорхе Лоренцо.

Marc-Marquez---Repsol-Honda---British-MotoGP-race-winner

Втора последователна година Британското Гранд При беше местото на спектакуларен дуел помеѓу возачот на Репсол Хонда тимот Марк Маркез и возачот на Мовистар Јамаха тимот Хорхе Лоренцо. Оваа година Маркез беше човекот кој излезе како победник на Силверстоун, трка во која актуелниот Светски шампион го победи својот Шпански сонародник.

Битката помеѓу Маркез и Лоренцо траеше скоро во целата трка, благодарение на што крајното време на трката претставува нов рекорд за Англиската патека. За време на трката откако неколкупати ги променија водечките места Маркез во последниот круг успеа да направи мала предност и да ја помине целната линија пред Лоренцо со разлика од 0.732 секунди.

На другата Мовистар Јамаха Валентино Роси успеа да му одолее на нападите на Дани Педроса како и на Андреа Довициозо кои завршија на четвртата и петтата позиција, а „Докторот“ се искачи на пиедесталот во Силверстоун како третопласиран.

По трката во Англија Маркез остана на првата позиција во генералниот пласман, пред Дани Педроса на втората позиција кој заостанува 89 поени, додека пак Роси сега е на третата позиција со само 10 поени помалки од Педроса.

Back To Top