Хонда денеска објави дека Марк Маркез ставил потпис на нов договор со МотоГП тимот со кој ја продолжува соработката до крајот на 2016 година.

93marquezgpjerez marq05 original

Хонда денеска објави дека Марк Маркез ставил потпис на нов договор со МотоГП тимот со кој ја продолжува соработката до крајот на 2016 година.

Фантастичната кариера на Марк Маркез ќе продолжи по истиот терк. Младиот шпански возач кој во својата прва сезона во МотоГП ја освои титулата, а сезонава има четири победи од исто толку трки, ја продолжува соработката со МотоГП тимот на Хонда.

Денеска тимот објави дека талентираниот возач го продолжил договорот до крајот на 2016 година, во соопштението се пренесува и изјавата на Маркез:

Среќен сум што можам да објавам дека го продолжив договорот со Хонда. Отсекогаш посакував да бидам дел од Honda Racing“ тимот, пред една ипол година тој сон ми се оствари. Во првата година со тимот се се одвиваше брзо, не ни можев да си замислам дека можеме тоа да го оствариме. Уште еден сон кој стана реалност беше да ја освојам шампионаската титула во првата сезона. Навистина ми претставува голема чест што сум дел од Хонда семејството, и мило ми е што ќе останам во оваа група на специјални луѓе и во следните две сезони.- изјави Маркез
Back To Top