Како што беше очекувано, веќе на вториот тренинг во Аргентина времињата на сите возачи се подобрија, а Марк Маркез беше единствен возач на патеката со време под граница од 1:40.00

markes-fp2

Како што беше очекувано, веќе на вториот тренинг во Аргентина времињата на сите возачи се подобрија, а Марк Маркез беше единствен возач на патеката со време под граница од 1:40.00

Возачите на Хонда значително го подобрија своето возење од првиот тренинг во Аргентина и ги завземаа првото и второто место на вториот тренинг. Алеш Еспергаро повторно имаше одличен резултат и финишираше на третата позиција, пред Штефан Брадл и Андреа Довициозо.

Подобрување на резултатот имаше и Валентино Роси кој сега е на осмата позиција, а Лоренцо иако го подобри своето време од првиот тренинг, сепак тоа беше доволно за деветата позиција.

Во прилог се и комбинираните времиња од првите два тренинга во Аргентина:

fp2-kombinirano

Tретиот тренинг со почеток од 14.55, а четвртиот е во 18.30. Веднаш потоа започнуваат и квалификациите, а главната сесија Q2 е со почеток во 19.35 часот.

Трката се вози во недела со почеток во 19 часот по наше време, со пренос на СпортКлуб каналот.

Back To Top