21
Вто, Фев
MotoGP

MotoGP: Маркез најбрз на вториот ден на Сепанг

Марк Маркез забележа најдобар резултат на вториот ден од пред сезонскиот тест на патеката Сепанг во Малезија.

Следете нè на:

 

TSTMAL 20150223 1032 lowresМаркез најбрз на вториот ден од тестирањето на Сепанг

Марк Маркез забележа најдобар резултат на вториот ден од пред сезонскиот тест на патеката Сепанг во Малезија.

Временските прилики исто како и на вчерашниот тест беа променливи, па затоа тимовите и возачите се обидоа да го извадат максимумот од утринските часови кога температурата беше висока. Актуелниот Светски шампион со време од 1’59.844 се искачи на првата позиција на провизорната листа, и беше првиот човек кој возеше под границата од две минути.

Времето на Маркез сеуште е за една секунда побавно од она кое го постави на првиот пред сезонски тест на истата патека, но сепак е импресивно имајќи ги во предвид условите на патеката.

Хорхе Лоренцо на денешниот тест дојде до втората позиција со време од 1’59.902 кое го оствари на 30-от круг, и на крајот беше за само 5 стотинки побавен од Маркез. Возачот на Јамаха го тестираше новиот менувач на неговата YZF-M1, како и целокупното подесување на моторот.

Импресивен резултат забележа и Андреа Довициозо на Дукати. Тој заедно со Андреа Ианон тестираше неколку различни подесувања на моторот, што придонесе да забележи време кое е за цела секунда подобро од она на вчерашниот тренинг.

Валентино Роси тестираше две различни предни вилушки, додека пак Дани Педроса работеше на суспензијата на моторот. Ним очигледно поважно им беше да го сетираат моторот според нивните потреби отколку да се бркаат со времето на останатите. 

Тимот на Априлија повторно имаше проблеми, Алваро Баутиста не успеа да го повтори успехот од вчера, а Марко Меландри и покрај тоа што се обиде со шасија која е слична на онаа која ја возеше во Супербајк не успеа да напредува од последната позиција.

За разлика од Априлија, тимот на Сузуки продолжува со импресивните резултати, Алеш Еспергаро намали уште половина секунда од неговиот вчерашен резултат, а истото го направи и Маверик Вињалес. Тимот денеска работи на подобрување на електрониката што треба дополнително да ги подобри резултатите на Сузуки.

ПозВозачТимРезултатРазликаКругови
1 MARQUEZ, Marc Repsol Honda Team 1:59.844   22 / 63
2 LORENZO, Jorge Movistar Yamaha MotoGP 1:59.902 0.058 30 / 71
3 IANNONE, Andrea Ducati Team 2:00.098 0.254 55 / 58
4 DOVIZIOSO, Andrea Ducati Team 2:00.250 0.406 21 / 58
5 PEDROSA, Dani Repsol Honda Team 2:00.275 0.431 36 / 57
6 ROSSI, Valentino Movistar Yamaha MotoGP 2:00.308 0.464 19 / 61
7 SMITH, Bradley Monster Yamaha Tech 3 2:00.329 0.485 49 / 50
8 CRUTCHLOW, Cal CWM LCR Honda 2:00.333 0.489 61 / 61
9 ESPARGARO, Aleix Team Suzuki MotoGP 2:00.409 0.565 18 / 57
10 ESPARGARO, Pol Monster Yamaha Tech 3 2:00.689 0.845 8 / 44
11 PETRUCCI, Danilo Pramac Racing 2:00.713 0.869 22 / 57
12 VIÑALES, Maverick Team Suzuki MotoGP 2:00.731 0.887 42 / 61
13 REDDING, Scott Estrella Galicia 0.0 Marc VDS 2:00.762 0.918 53 / 57
14 BARBERA, Hector Avintia Racing 2:00.847 1.003 21 / 53
15 HERNANDEZ, Yonny Pramac Racing 2:01.012 1.168 28 / 46
16 BRADL, Stefan Forward Racing Team 2:01.131 1.287 13 / 58
17 HAYDEN, Nicky Drive M7 Aspar 2:01.633 1.789 17 / 57
18 PIRRO, Michele Ducati Test Team 2:01.897 2.053 16 / 41
19 LAVERTY, Eugene Drive M7 Aspar 2:01.944 2.100 54 / 56
20 ABRAHAM, Karel AB Motoracing 2:01.945 2.101 21 / 40
21 MILLER, Jack CWM LCR Honda 2:01.968 2.124 65 / 65
22 DI MEGLIO, Mike Avintia Racing 2:02.006 2.162 41 / 42
23 BAUTISTA, Alvaro Aprilia Racing Team Gresini 2:02.221 2.377 25 / 40
24 BAZ, Loris Forward Racing Team 2:02.426 2.582 7 / 37
25 DE ANGELIS, Alex Octo Ioda Racing Team 2:03.499 3.655 44 / 51
26 NAKASUGA, Katsuyuki Yamaha Factory Test Team 2:03.755 3.911 43 / 45
27 MELANDRI, Marco Aprilia Racing Team Gresini 2:04.313 4.469 49 / 49
comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!