27
Вто, Јун
MotoGP

MotoGP: Маркез најбрз на дводневниот тест во САД

Патеката „Circuit of The Americas“ во Остин, САД, беше домаќин на дводневен МотоГП тест на кој учествуваа тимовите на Хонда и Јамаха.

Следете нè на:

 

2013 austin d2 a pic 3Марк Маркез со секој настап потврдува дека е еден од претендентите за титулата

Патеката „Circuit of The Americas“ во Остин, САД, беше домаќин на дводневен МотоГП тест на кој учествуваа тимовите на Хонда и Јамаха.

Петмина возачи имаа можност да ја пробаат новата патека која годинава беше додадена во МотоГП календарот. Марк Маркез, Дани Педроза и Штефан Брадл од Хонда возеа со Хорхе Лоренцо и Валентино Роси од Јамаха.

Првиот ден помина во знакот на Маркез кој постави време далеку подобро од својот клубски колега Педроза. Дани денешниот ден го заврши на четвртата позиција, но според неговите зборови, направиле неколку промени на суспензијата и менувачот и испробале различни параметри, сепак проблем за тимот е што патеката ја возат за прв пат па немаат со што да ги споредат резултатите.

Дека се работи за навистина интересна патека потврди и Валентино Роси кој изјави „Патеката е многу техничка, има многу кочење, но истовремено е доволно широка за претекнување. Забавна е, а и времето не е премногу жешко па мислам дека ќе имаме одлична трка овдека.“


Резултати од првиот ден:

1 Marc Marquez 2'04.619 SPA HONDA Repsol Honda Team
2 Dani Pedrosa 2'05.047 SPA HONDA Repsol Honda Team
3 Jorge Lorenzo 2'05.291 SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing
4 Stefan Bradl 2'06.053 GER HONDA LCR Honda MotoGP
5 Valentino Rossi 2'06.507 ITA YAMAHA Yamaha Factory Racing

2013 austin d2 a pic 4Педроза со четврто време во вториот обид


Резултати од вториот ден:

1 Marc Marquez 2'04.363 SPA HONDA Repsol Honda Team
2 Stefan Bradl 2'04.640 GER HONDA LCR Honda MotoGP
3 Jorge Lorenzo 2'04.664 SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing
4 Dani Pedrosa 2'04.686 SPA HONDA Repsol Honda Team
5 Valentino Rossi 2'05.518 ITA YAMAHA Yamaha Factory Racing

Третиот и последен официјален тест, на кој ќе бидат присутни сите тимови и возачи, ќе се одржи во Херез од 23 до 25 Март.

 

comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!