25
Саб, Фев
MotoGP

MotoGP: Маркез и ја донесе 700-та победа на Хонда

Марк Маркез на 10-та рунда од МотоГП шампионатот која се возеше на патеката Индијанаполис во САД извојува победа која за тимот на Хонда е вкупно 700-та Гранд При победа од 1961 година до сега.

Следете нè на:

 

700ta pobeda honda motogp700-та победа за тимот на Хонда во МотоГП

Марк Маркез на 10-та рунда од МотоГП шампионатот која се возеше на патеката Индијанаполис во САД извојува победа која за тимот на Хонда е вкупно 700-та Гранд При победа од 1961 година до сега.

Нестабилните временски услови на Индијанаполис беа предизвик за сите возачи, а изборот на гуми пред почетокот на трката беше клучна за тимовите. Иако во подоцнежниот дел од трката заврна слаб дожд, сепак тоа не беше проблем да следиме возбудлива трка од почетокот до крајот. 

Хорхе Лоренцо беше водечки во САД од првиот се до 25-от круг кога на сцена стапи Марк Маркез. Последните три круга му припаднаа на возачот на Хонда кој дојде до втората последователна победа (вкупно трета во сезоната), а за тимот на Хонда тоа беше 700-та победа.

Возачите на Јамаха мораа да се задоволат со втората и третата позиција, Лоренцо стартуваше од третото место но веднаш изби на чело од колоната, додека пак Роси кој имаше лоши квалификации и стартуваше од осмата позиција мораше да се бори за пиедесталот. Роси имаше агресивен старт, дојде до четвртата позиција, а Дани Педроса беше човекот со кој до последниот круг се бореа за подиумот.

Во генералниот пласман Валентино Роси сеуште е водечки со 195 поени, зад него е Лоренцо со 186, а на третата позиција се искачи Марк Маркез со 139 поени. Следната МотоГП трка се вози на патеката Брно во Чешка на 16-ти август.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 41'55.371
2 20 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.688
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +5.966
4 13 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +6.147
5 11 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +21.528
6 10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +21.751
7 9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +30.378
8 8 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +31.607
9 7 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +32.821
10 6 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +34.517
11 5 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +39.010
12 4 68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati +41.815
13 3 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +50.209
14 2 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +1'00.465
15 1 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +1'04.147
16   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +1'05.066
17   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'06.941
18   19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'13.862
19   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'18.706
20   6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'19.730
21   15 Alex DE ANGELIS RSM E-Motion IodaRacing Team ART +1'19.882
22   24 Toni ELIAS SPA AB Motoracing Honda +1'19.934
Без пласман
    43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda 20 круга
comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!