20
Чет, Јул
MotoGP

MotoGP: Маркез го изедначи рекордот на Дуан, пет од пет

Возачот на Хонда Репсол тимот, актуелниот Светски шампион Марк Маркез ја забележа петтата победа на петтата трка во сезоната на ЛеМан во Франција.

Следете нè на:

 

GP05 Marq 5613Пет победи на исто толку трки и пол позиции, новата легенда на МотоГП се вика Марк Маркез

Возачот на Хонда Репсол тимот, актуелниот Светски шампион Марк Маркез ја забележа петтата победа на петтата трка во сезоната на ЛеМан во Франција.

Пет трки во сезоната, пет пол позиции и пет победи, нешто што му успеа на младиот Марк Маркез, за прв пат по 1997 година кога Мик Дуан го имаше тој учинок во класата до 500цц. На Валентино Роси во 2008-ма му успеа да дојде до пет последователни победи, а на оваа листа се наоѓа и Џакомо Агостини кој имаше пет победи на првите пет трки во далечната 1972 година. Сепак, успехот на Марк Маркез е неверојатен ако се има во предвид дека ова за него е само втора сезона во МотоГП, по првата во која ја освои шампионаската титула.

Хаотичниот старт на трката во ЛеМан ни донесе неколку возбудувања, Маркез од пол позицијата се врати назад до десетото место, Андреа Довициозо изби на челната позиција, следен од Штефан Брадл и Валентино Роси кој дојде до третата позиција по стартот од шестото место.

Круг за круг ситуацијата се менуваше, Роси без проблем успеа да ги помине Брадл и Довициозо и на 25 круга до крајот стана водечки на патеката. Сепак да не биде се така едноставно се погрижи Маркез кој успеа од деветата позиција да дојде до второто место, за на крајот по една грешка на Роси лесно да дојде и до првата позиција.

Втората позиција на Италијанецот за малку ќе беше во прашање, доколку продолжеше налетот на Баутиста, но на крајот тој се грижеше повеќе за задржување на третото место, отколку за напад на Роси. За Алваро Баутиста ова беше прв подиум по декември 2012 година. 

Поз.Бод.Бр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 44'03.925
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.486
3 16 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +3.144
4 13 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +3.717
5 11 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +4.077
6 10 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +7.088
7 9 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +11.527
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +22.103
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +22.626
10 6 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +23.108
11 5 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati +25.780
12 4 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +39.523
13 3 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +42.544
14 2 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +42.736
15 1 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +56.644
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'14.123
17   5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'19.723
18   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'30.934
19   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'34.521
Без пласман
    29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 27 круга
    8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia 27 круга
Не го заврши првиот круг
    69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda 0 круга

По крајот на петтата трка 125 бодови во генералниот пласман има за младиот Шпанец, кој е далеку пред својот сонародник Дани Педроса на втората позиција со 83, а Валентино Роси се искачи на третата позиција во генералниот пласман со 81 бод. 

Следната трка се вози за две недели на легендарната патека Муџело во Италија која важи за домашна патека на Роси.

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!