20
Сре, Сеп
MotoGP

MotoGP: Маркез дојде до седмата пол позиција

Возбудливите квалификации на патеката Арагон во Шпанија не потсетија уште еднаш зошто во MotoGP се наоѓаат најдобрите светски мото возачи.

Следете нè на:

 

93marquez  s1d6373 originalМаркез продолжува со фантастичната сезона, седма пол позиција за почетникот

Возбудливите квалификации на патеката Арагон во Шпанија не потсетија уште еднаш зошто во MotoGP се наоѓаат најдобрите светски мото возачи.

Марк Маркез дојде до седмата пол позиција во неговата почетничка МотоГП сезона, и со тоа е на добар пат да ја продолжи борбата за титулата на само пет трки до крајот. Во генералниот пласман Маркез води со 253 бодови, 34 повеќе од Лоренцо и Педроса кои имаат по 219.

Иако Арагон е патека на која3 тимот на Јамаха до сега нема забележано победа, не можеме да кажеме дека тоа нема да се промени на утрешната трка. Резултатите кои ги забележаа Валентино Роси и Хорхе Лоренцо се рамо до рамо со времињата на Марк Маркез и Дани Педроса.

Штефан Брадл иако имаше одлично возење на тренинзите, на квалификациите не можеше да го одржи чекорот со водечката четворка, исто како и Алваро Баутиста кој трката ќе ја започне од вториот ред. 

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 328.9 1'47.804  
2 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 329.5 1'47.814 0.010 / 0.010
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 334.0 1'47.957 0.153 / 0.143
4 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 329.7 1'47.962 0.158 / 0.005
5 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 334.6 1'48.128 0.324 / 0.166
6 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 330.4 1'48.302 0.498 / 0.174
7 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 323.8 1'48.653 0.849 / 0.351
8 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 328.2 1'48.854 1.050 / 0.201
9 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 327.7 1'49.219 1.415 / 0.365
10 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 317.8 1'49.348 1.544 / 0.129
11 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 330.8 1'49.428 1.624 / 0.080
12 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 324.3 1'50.094 2.290 / 0.666

Трката во недела започнува во 14 часот.

Пренос од сите настани во живо ќе има на СпортКлуб каналот, а за оние кои следат преку стриминг, линкот за гледање е: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Организирано гледање ќе има во Велес, групата во Скопје се чека во 12.30 на бензиската на Макпетрол во Автокоманда, а поканата е отворена за сите љубители на MotoGP и доброто возење. Според најавата, се очекува присуство на голем број мотори но и скутери.

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!