Летната пауза за МотоГП заврши, возбудувањата се враќаат на патеката Индијанаполис која е изменета во однос на претходниот распоред, па затоа сега возачите имаат различни резултати од минатата година.

tumblr na06x6aBGm1sedafzo1 1280

Летната пауза за МотоГП заврши, возбудувањата се враќаат на патеката Индијанаполис која е изменета во однос на претходниот распоред, па затоа сега возачите имаат различни резултати од минатата година.

По летната пауза следува МотоГП трката на патеката Индијанаполис која ќе се вози во недела. Првиот ден од тестирањата донесе многу возбудувања на изменетата патека. Првата сесија му припадна на Валентино Роси кој постави најдобро време, но затоа пак на крајот од втората, Марк Маркез успеа да го подобри времето за 1,5 секунда во однос на првата сесија и со време од 1’32.882 го постави најдобриот резултат.

Роси кој е првиот победник на патеката Индијанаполис во МотоГП на вториот тренинг имаше само деветто време со заостанување од 0.7 секунди зад Маркез. Скоро сите возачи ги намалија времињата кои ги забележаа на првиот тренинг, па така на втората сесија со подобрување од една секунда на втората позиција се најде Андреа Ианон, а на третото место Хорхе Лоренцо.

Од водечката петорка во шампионатот, Дани Педроса имаше петто време на вториот тренинг, а Довициозо беше четврти.

Третата тренинг сесија денеска започнува во 15 часот, четвртиот тренинг е во 19.30, а квалификациите на програмата се во 20.35. Трката е во недела со почеток во 20 часот по наше време. Пренос има на СпортКлуб каналот, или преку стриминг на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top