29
Сре, Мар
MotoGP

MotoGP: Маркез без конкуренција во САД

Возачот на Хонда Репсол тимот и актуелниот Светски шампион Марк Маркез дојде до првата победа во сезоната на трката за ГН на САД која се возеше на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, Тексас (САД).

Следете нè на:

 

tc ame motogp rac lg4 6921 0.bigМарк Маркез блесна со сиот свој сјај во третата последователна победа во САД

Возачот на Хонда Репсол тимот и актуелниот Светски шампион Марк Маркез дојде до првата победа во сезоната на трката за ГН на САД која се возеше на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, Тексас (САД).

Маркез им прати јасна порака на останатите возачи во падокот дека она што се случи во Катар беше само грешка која нема да се повтори и дека за титулата ќе треба и тоа како да се помачат доколку сакаат да ја превземат од него и Хонда. Фантастичното возење на Маркез беше крунисано со победа со предност од 2.3 секунди пред второпласираниот Довициозо кој финишираше пред Роси.

Маркез го презеде водството во 5-от круг и воопшто не се заврте назад кон конкуренцијата, откако направи солидно водство на крајот можеше дури и да се опушти и да излезе како победник по трет пат едно по друго на патеката во Тексас. 

Довициозо дојде до подиум и на втората трка во сезоната, со што уште еднаш покажа дека Дукати е тим кој има потенцијал да се вмеша во борбата за титулата. Довициозо се избори за втората позиција откако беше поминат од страна на возачот на Јамаха тимот Валентино Роси, кој сеуште е водечки во генералниот пласман.

Хорхе Лоренцо го подигна темпото на возење кон крајот на трката но за жал го направи тоа премногу доцна па мораше да се задоволи со четвртата позиција, пред Андреа Ианон и Бредли Смит кој успешно се држеше на четвртата позиција до половина од трката.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 43'47.150
2 20 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +2.354
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +3.120
4 13 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +6.682
5 11 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +7.584
6 10 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +10.557
7 9 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +16.967
8 8 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +19.025
9 7 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +38.570
10 6 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati +41.796
11 5 7 Hiroshi AOYAMA JPN Repsol Honda Team Honda +47.199
12 4 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +47.339
13 3 69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +56.484
14 2 43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda +56.731
15 1 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +57.372
16   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +58.898
17   76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +1'08.787
18   15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART +1'22.236
Без пласман
    17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 5 круга
    33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 11 круга
    68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati 15 круга
    63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati 15 круга
    45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda 16 круга
    6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward 18 круга
Не го завршија 1-от круг
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 0 круга

Во генералниот пласман по две извозени трки ситуацијата е следна:

Поз.ВозачМоторЗемјаПоени
1 Valentino ROSSI Yamaha ITA 41
2 Andrea DOVIZIOSO Ducati ITA 40
3 Marc MARQUEZ Honda SPA 36
4 Andrea IANNONE Ducati ITA 27
5 Jorge LORENZO Yamaha SPA 26
6 Bradley SMITH Yamaha GBR 18
7 Cal CRUTCHLOW Honda GBR 18
8 Aleix ESPARGARO Suzuki SPA 13
9 Dani PEDROSA Honda SPA 10
10 Danilo PETRUCCI Ducati ITA 10
11 Maverick VIÑALES Suzuki SPA 9
12 Pol ESPARGARO Yamaha SPA 7
13 Yonny HERNANDEZ Ducati COL 6
14 Hiroshi AOYAMA Honda JPN 5
15 Hector BARBERA Ducati SPA 5
16 Nicky HAYDEN Honda USA 3
17 Scott REDDING Honda GBR 3
18 Jack MILLER Honda AUS 2
19 Alvaro BAUTISTA Aprilia SPA 1

Шампионатот продожува следниот викенд со трката за ГН на Аргентина која се вози на 19-ти април.

comments

Би можело да ве интересира

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!