MotoGP

MotoGP: Марк Маркез ја заврши сезоната со рекордна 13-та победа

МотоГП сезоната заврши викендов со последната трка која се возеше на патеката Валенсија во Шпанија. Шампионот Марк Маркез со стил ја заврши сезоната, дојде до рекордна 13-та победа една повеќе од онаа на Мик Дуан од 1997 година.

Следете нè на:

 

12marquez53rabat 8gn 5912 originalНовите шампиони во Мото3, Мото2 и МотоГП класите

МотоГП сезоната заврши викендов со последната трка која се возеше на патеката Валенсија во Шпанија. Шампионот Марк Маркез со стил ја заврши сезоната, дојде до рекордна 13-та победа една повеќе од онаа на Мик Дуан од 1997 година.

Возбудливата трка му ја донесе вице шампионската титула на Валентино Роси со освоеното второ место во Валенсија, а Дани Педроса се искачи на подиумот како трето пласиран.

46rossi gp 2361 originalРоси и Маркез приредија одлична трка покрај променливото време

Клубскиот колега на Валентино Роси и директен конкурент за втората позиција во генералниот пласман, Хорхе Лоренцо, направи грешка во проценката на дождот кој започна да паѓа на патеката па откако го замени својот мотор свати дека гумите за дожд нема да му донесат никаков успех откако патеката се исуши за неколку кругови. Истата грешка ја направи и Андреа Ианон кој иако имаше одличен старт и возеше во предниот дел од колоната заради лошата проценка на временските услови на крајот остана без бодови.

04dovizioso35crutchlow gp 2927 originalФантастична борба на клубските колеги во Дукати

Белег на последната трка секако оставија и возачите на Дукати, Кал Крачлоу и Андреа Довициозо, битката за четвртата позиција на крајот ја завршија со разлика од само 0.068 делови од секундата во полза на Довициозо.

Во продолжение и комплетните резултати од последната трка за 2014 година:

classificationРезултати од МотоГП Валенсија 2014

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.