MotoGP

MotoGP: Лоренцо најбрз на тродневниот тест во Австралија

Хорхе Лоренцо го заврши тродневното тестирање на новите „Bridgestone“ пневматици на патеката Филип Ајленд во Австралија на првата позиција.

Следете нè на:

 

an0i9893 originalЛоренцо пред Педроса и Довициозо на тестирањето

Хорхе Лоренцо го заврши тродневното тестирање на новите „Bridgestone“ пневматици на патеката Филип Ајленд во Австралија на првата позиција.

Возачите на располагање имаа 8 задни слик гуми од кои две беа со спецификација од 2013 година, а останатите 6 со нови експериментални компоненти. Бриџстоун работи на нов дизајн на гумите, па така освен составот на пневматиците помеѓу 6-те нови гуми имаше и такви кои беа со различен раб. 

Концептот на тестот беше првиот ден возачите да возат кругови со гумите од 2013 година, за вториот ден да направат по неколку кругови со секоја различна спецификација и третиот ден да имаат и симулација на трка која на инженерите во Бриџстоун треба да им ги даде потребните информации за новите гуми.

Тестирањето го одбележа и големата температурна разлика па така на пример од вториот до третиот тест температурата падна за цели 13 степени во воздухот и дури 20 степени на патеката.

Следното излегување на патека за МотоГП пилотите ќе биде на 20-ти март, кога започнуваат слободните тренинзи пред трката за ГН на Катар на патеката Лосаил.

 Комбинирани времиња од трите дена:

     Бр  Возач                           Тим и мотор                                 Ден 1      Ден 2        Ден 3       Разлика   Кругови
1   99   J. LORENZO (ESP)         Yamaha Factory Racing Yamaha    1'29.213   1'29.133   1'29.133                   110
2   26   D. PEDROSA (ESP)        Repsol Honda Team Honda           1'29.961   1'29.381   1'29.381    0.248       146
3   4     A. DOVIZIOSO (ITA)     Ducati Team Ducati                      1'29.965   1'29.387   1'29.387    0.254       113
4   46   V. ROSSI (ITA)             Yamaha Factory Racing Yamaha    1'29.730   1'29.516   1'29.516    0.383       160
5   35   C. CRUTCHLOW (GBR)  Ducati Team Ducati                      1'29.576   1'29.660   1'29.576     0.443      127
6   53   E. RABAT (ESP)            Marc VDS Racing Team Kalex        1'32.316   1'32.168   1'32.168     3.035       201
7   36   M.KALLIO (FIN)             Marc VDS Racing Team Kalex       1'33.440   1'32.698   1'32.698     3.565       141
8   18   N. TEROL (ESP)             Mapfre Aspar Team Moto2 Suter   1'33.290   1'33.014   1'33.014     3.881       144
9   81   J. TORRES (ESP)           Mapfre Aspar Team Moto2 Suter   1'34.000   1'33.160   1'33.160     4.027       121

comments

Би можело да ве интересира

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!