27
Вто, Јун
MotoGP

Лоренцо: Можев и подобро на Сепанг

„Направивме целосна симулација на трката, беше малку полошо отколку што очекував бидејќи имавме проблеми со предната гума при сопирање“ – Хорхе Лоренцо

Следете нè на:

 

lorenzo-sepang2aХорхе Лоренцо на тестирањето на патеката Сепанг во Малезија

„Направивме целосна симулација на трката, беше малку полошо отколку што очекував бидејќи имавме проблеми со предната гума при сопирање“ – Хорхе Лоренцо

Хорхе Лоренцо не успеа да го повтори одлично време кое го имаше на вториот ден тестирање во Сепанг, и на крај заврши на третата позиција

Ѕвездата на фабричкиот тим на Yamaha, чие време од 2м. 0,282с. беше најдобро на вториот ден од пред сезонските тестови во Малезија, заврши позади возачите од  Repsol Honda, Дани Педроса и Марк Маркез.

Актуелниот светски шампион беше во водство за време на влажната утринска сесија, но иако патеката се исуши попладнето, нејзината состојба го спречи Лоренцо да го повтори своето време.

Патеката беше влажна на почетокот на денот и ние го испробавме моторот на влажни услови. Не беше лошо,го имав најбрзото време на влажна патека, но кога таа стана посува,  тоа не беше исто како вчера. Беше многу повеќе лизгава и поради тоа беше потешко да го достигнам времето од вчера.”

Како и при првиот тест на Сепанг,  Лоренцо имаше симулација на трката на последниот ден, но овој пат резултатите не беа така добри како што се надеваше.

Направивме целосна симулација на трката, беше малку полошо отколку што очекував бидејќи имавме проблеми со предната гума при сопирање па заради тоа морав да возам малу побавно.

Одлуката да возам со полн резервоар при овие тешки услови веројатно не беше исправна. Но во секој случај јас бев единствениот кој имаше симулација на трката во овие тешки услови

Секогаш е добро да пробате и да видите што ќе се случи.  Доколку не се обидете немаа да научите.

Заклучокот после овие три дена е дека ние сме побрзи од минатата година, но за мене тоа не е доволно за да бидам целосно задоволен.

изјави Лоренцо

Најдоброто време кое го постигна ривалот за титулата, Дани Педроса, на првиот тест во Сепанг на почетокот на февруари и кое изнесува 2.0,100с. сеуште е најбрзото време на двете предсезонски тестирања.

„Брзината на оваа патека многу се менува“ дополни Лоренцо. „Вчера имав време од 2м. 0,2с. на средина на денот. Доколку не врнеше синоќа, а ние возевме во 10 часот утринава, сигурен сум дека би можеле да имаме време од 1м. 59с.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!