28
Нед, Мај
MotoGP

MotoGP: Лоренцо најбрз и на вториот тренинг

Откако постави најбрзо време на првиот тренинг, Лоренцо го повтори успехот на вториот тренинг, а Маркез успеа да избегне посериозна повреда откако падна во свиокот „Lukey Heights“.

Следете нè на:

 

lorenzo originalЛоренцо со најбрзо време на петочните тренинзи

Откако постави најбрзо време на првиот тренинг, Лоренцо го повтори успехот на вториот тренинг, а Маркез успеа да избегне посериозна повреда откако падна во свиокот „Lukey Heights“.

За разлика од Маркез, Штефан Брадл кој се здоби со скршеница на зглобот минатиот викенд, се обиде да вози во Австралија но откако забележа резултат 4 секунди зад водечкиот на првиот тренинг, од надлежните не му беше дозволено да вози викендов. Брадл ќе се врати на патеката следната недела за трката на Мотеги во Јапонија.

Новиот асвалт кој е поставен на Филип Ајленд беше дополнителен мотив за Лоренцо да го собори претходниот рекорд на патеката, па на крајот на денот по два извозени тренинга тој се најде на првата позиција со време од 1’28.961.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРазлика
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 336.3 1'28.961  
2 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 343.9 1'29.438 0.477 / 0.477
3 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 334.6 1'29.478 0.517 / 0.040
4 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 341.2 1'29.537 0.576 / 0.059
5 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 334.7 1'29.667 0.706 / 0.130
6 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 336.0 1'29.989 1.028 / 0.322
7 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 336.2 1'30.165 1.204 / 0.176
8 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 329.7 1'30.215 1.254 / 0.050
9 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 333.9 1'30.609 1.648 / 0.394
10 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 337.6 1'30.754 1.793 / 0.145
11 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 333.0 1'30.792 1.831 / 0.038
12 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 330.6 1'30.917 1.956 / 0.125
13 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 326.8 1'31.091 2.130 / 0.174
14 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati 335.7 1'31.134 2.173 / 0.043
15 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 317.8 1'31.286 2.325 / 0.152
16 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 326.7 1'31.434 2.473 / 0.148
17 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 328.4 1'31.451 2.490 / 0.017
18 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 326.6 1'31.985 3.024 / 0.534
19 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART 326.4 1'32.066 3.105 / 0.081
20 23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 324.2 1'32.261 3.300 / 0.195
21 67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 321.6 1'32.290 3.329 / 0.029
22 52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 319.5 1'32.943 3.982 / 0.653
23 50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 319.3 1'34.969 6.008 / 2.026
  6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda      

До крајот на МотоГП шампионатот се возат уште три трки, оваа на Филип Ајленд која се вози во недела, потоа следната недела се вози трката во Јапонија на Мотеги, и на крајот е трката во Шпанија, на Валенсија, која се вози на 10-ти ноември.

Во генералниот пласман води Маркез со 298 бодови, 43 повеќе од Лоренцо на втората позиција и 54 повеќе од трето пласираниот Дани Педроса. Валентино Роси во генералниот пласман е на четвртата позиција со заостанување од 100 поени зад Маркез.

Tретиот тренинг започнува во сабота по полноќ во 01.55, додека пак четвртиот тренинг започнува утрината во 05.30. Квалификациите во сабота започнуваат во 06.35, а трката во недела започнува во 7 часот по наше време.

Пренос од сите настани ќе има на Спорт Клуб каналот, а стриминг ќе има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!