MotoGP

MotoGP: Лоренцо гледа спас на кариерата во тимот на Yamaha?

Хорхе Лоренцо би можел да има спектакуларно враќање во тимот на Yamaha во MotoGP сезоната 2019.

Следете нè на:

 

Вакви гласини се појавија откако Лоренцо ја загуби можноста да му се приклучи на Suzuki, а се полош е неговиот однос со актуелниот тим Ducati. Времето кое го помина во тимот кој доаѓа од Болоња би можело да се опише како тешко со оглед на тоа дека се уште се обидува да го прилагоди неговиот стил на возење на агресивната природа на Desmosedici. Иако повремено Лоренцо покажува дел од своите квалитети, сепак тој сѐ уште не може да најде конзистентност со мотоциклот.

lorenzo yamaha 19

А со оглед на лимитираните опции кои ги има пет кратниот шампион во MotoGP, се чини дека шефовите на шампионатот, Dorna, прават план кој што не само што ќе го задржи во серијата туку и ќе го вратат во неговиот поранешен тим, Yamaha.

Неодамна се појавија гласини дека Лоренцо би можел да биде дел од Marc VDS тимот кој ќе настапува со мотоцикл на Yamaha и кој ќе има целосно фабрички спецификации. Тој веќе е под спонзорски договор со Monster, кои пак најавија прекин на соработката со Tech 3. Ова би можело да биде одлично решение не само за Dorna и Лоренцо туку и за Yamaha. Гласините дополнително се засилија со оглед на вклученоста на тимот Sepang во целиот проект. Првично поврзани со сателитскиот тим на Yamaha како начин да се задржи дебитантот Хафиз Сиахрин во премиерната класа, големата популарност која Лоренцо ја има на Источно–Азискиот пазар го прави идеална личност која би можела да настапува покрај Малезискиот возач.

Тимскиот шеф на Yamaha, Лин Џарвис изјави дека постои можност Лоренцо да добие фабрички мотоцикл но само доколку се отвори слободно место за сателитски тим.

Лоренцо исто така доста самоуверено неодамна изјави дека и следната година ќе биде дел од шампионатот.

„Она што можам да го кажам денека е дека ќе продолжам да возам и во следните две години и нема да се пензионирам. Исто така ќе возам и со добар мотоцикл. Тоа е се што можам да го кажам во моментов но претпоставувам дека ќе слушнете повеќе информации на следната трка.“

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!