„Како што ќе се подобруваат условите на патеката некои од останатите возачи ќе бидат побрзи и сеуште ќе биде многу тешко да се стигне до подиумот.“- Кал Кратчлоу

crutchlow original

„Како што ќе се подобруваат условите на патеката некои од останатите возачи ќе бидат побрзи и сеуште ќе биде многу тешко да се стигне до подиумот.“- Кал Кратчлоу

Кал Кратчлоу имаше експлозивен старт на неговата 2013 MotoGP сезона. Британската ѕвезда го освои второто место на првиот тренинг кој се одржа во Катар и четвртотот место на вториот.

Кратчлоу, кој неколку пати заврши на подиумот во текот на сезоната 2012, по најбрзото време кое го постигна на последниот претсезонски тест во Херез, продолжи во ист стил да вози и на Интернационалната патека Лосали.

27-годишниот возач на првиот тренинг ги раздвои возачите на Yamaha, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси, постигнувајќи време од 1м 56.743с, само 0.058с послабо од времето кое го постигна актуелниот светски првак.

Иако беше топло и суво, условите на патеката беа далеку од идеални - факт кој се забележува кога ќе се спореди времето од првата вечер со најбрзиот круг кој го извозе Кејси Стонер во 2012 и кое изнесуваше 1м 55.541с.

Иако е задоволен со неговото темпо, Кратчлоу вети дека нема да се преокупира со тоа

„Тоа беше добра прва сесија за мене но и за Yamaha. Второто место е добро но не се преокупирам со тоа. Како што ќе се подобруваат условите на патеката некои од останатите возачи ќе бидат побрзи и сеуште ќе биде многу тешко да се стигне до подиумот. Со нетрпение чекам да започне трката и бидејќи сум конкурентен уште од стартот, а тоа ја зголемува мојата самодоверба.”

Кратчлоу направи промени пред вториот тест кој се одржа денеска но се покажа дека првичниот сетап беше подобар. Тој се обиде да го намали трансферот на тежина на неговиот M1 при сопирање и забрзување.

“Како и секогаш, патеката во Катар првата вечер е валкана, особено надвор од линиите, дури и внатре во линијата на возење беше лизгаво. Направивме некои промени на моторот бидејќи почувствував дека имаме премногу трансфер на тежина при сопирање и забрзување. Денеска се покажа дека првичниот сетап беше подобар, но сепак морам да бидам задоволен што вчера завршив на второто место помеѓу Хорхе и Валентино.”

Back To Top