Кал Крачлоу со стил го заврши последниот ден од пред сезонското тестирање на патеката Херез во Шпанија.

Cal-end-Jerez

Кал Крачлоу со стил го заврши последниот ден од пред сезонското тестирање на патеката Херез во Шпанија.

Денешниот тест повторно беше одбележан од дождот кој не дозволи во целост да се искористи сесијата, но во времето кога патеката беше сува, Крачлоу успеа за 0.014 делови од секундата да го подобри времето кое Валентино Роси го забележа на вчерашниот тест.

Денеска Роси забележа време од 1:39.735 што беше за 0.224 делови од секундата послабо од она на Крачлоу, а на третата позиција финишираше Штефан Брадл со својата Хонда.

Дани Педроса не настапи на денешниот тест заради болки во грбот, па единствен претставник на фабричката Хонда беше Марк Маркез кој забележа петто време. Актуелниот Светски шампион Хорхе Лоренцо денеска забележа четврто време.

Освен Педроса, денеска на патеката не го забележавме ниту Бен Спиз, а Алваро Баутиста беше присутен но не возеше со цел да го одмори коленото од вчерашниот пад.

МотоГП шампионатот започнува на 7-ми Април со трката на патеката Лосаил во Катар.

Back To Top