Кал Кратчлоу призна дека добриот резултат кој го постигна на трката во Катар е само првиот чекор до остварување на конечната цел, односно место за фабричкиот тим na Repsol Honda за сезоната 2019.

Кратчлоу, кој возеше со сателитски мотоцикл и се најде на четвртата позиција веднаш зад Валентино Роси, вели дека во иднина треба да постигне подобри резултати.

711608

Иако има договор со Honda и вози со LCR машина која е многу слична со мотоциклот кој го има актуелниот шампион Марк Маркез, Крачлоу вели дека има многу поголема мотивација откако во јавноста се појавија гласини дека Педроса преговара со други тимови.

Но и покрај тоа што и Јохан Зарко се споменува како замена за Педроса, Кратчлоу е убеден дека благодарение на искуството кое го има со RC213V, тој е идеалниот кандидат за место во екипата.

„Дани е одличен возач, но тој веќе помина долги години во Honda. Не можете ништо да му забележите бидејќи победува секоја година. Но ако одлучат дека не им е потребен повеќе во тимот, секако дека нема да бидам среќен доколку не сметаат за мене како најдобриот кандидат кој би можел да го замени. Досега завршив одлична работа за нив, веќе сум вреаботен во тимот и преминот би бил полесен.“

„Но ако одлучат да потпишат договор со Зарко, тогаш ќе бидам разочаран. Тој нема да го постигне истиот резултат кој што го остварува сега бидејќи стилот на возење му е различен. Секако дека можете да научите одредени работи, но тоа нема да биде воопшто лесно.“

Back To Top