18
Пет, Авг
MotoGP

MotoGP: Кратчлоу го освои престижниот Torrens трофеј

На двојниот победник на трки од MotoGP шампионатот, Кал Кратчлоу, му беше доделен престижниот „Torrens“ трофеј кој е всушност кралската клубска авто-мото награда за промоција на мотоциклизмот во Велика Британија. Оваа награда е доделена само девет пати од нејзината инаугурација во 1978 година.

Следете нè на:

 

На двојниот победник на трки од MotoGP шампионатот, Кал Кратчлоу, му беше доделен престижниот „Torrens“ трофеј кој е всушност кралската клубска авто-мото награда за промоција на мотоциклизмот во Велика Британија. Оваа награда е доделена само девет пати од нејзината инаугурација во 1978 година.

Кратчлоу имаше одличен втор дел од 2016 MotoGP сезоната и успеа да оствари две победи а неколку пати се искачи на подиумот.

cratclow nagradaКрачлоу со Кралска награда

„Се чувствувам привилегирано бидејќи Кралскиот Автомобилски клуб смета дека сум достоен за наградата. Ми требаше долго време и напорна работа за да стигнам до тука и ми преставува чест што мојот труд беше забележан од личности од индустријата.“

Бери Бакстер, претседател на комисијата вели дека му претставувало чест да му ја додели наградата на возачот кој потекнува од Ковентри после успехот кој го постигна во 2016 година.

„Кал Кратчлоу е еден од најхрабрите возачи во MotoGP. Минатата сезона тој стана првиот Британски возач кој оствари победа во премиерната класа после Брет Шин во 1981година. Големо задоволство ми е да му ја доделам оваа награда како признание за неговиот успех.“

Покрај Кратчлоу, награда освоија и двојниот шампион во Светскиот Супербајк шампионат, Џонатан Реа и победникот на Isle of Man TT Senior TT, Мајкл Данлоп.

Трофејот „Torrens“ за прв пат беше доделен во 1978 година во чест на Артур Борн, новинар кој следеше мото трки и кој пишуваше колумна под името Torrens. Борн исто така беше и потпретседател на RAC. Оваа награда им се доделува на лицата кој постигнале голем успех во трките со мотоцикли. Досега е доделена само девет пати и тоа само кога комисијата смета дека возачите ја заслужиле наградата.

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!