MotoGP

MotoGP: Кратчлоу е среќен што заврши без повреда

Кал Кратчлоу вели дека е среќен што заврши без повреда на трката која се возеше во Сан Марино и што успеа да освои три поени. Тој излета надвор од патеката само неколку дена по операцијата на левиот показалец.

Следете нè на:

 

Кал Кратчлоу вели дека е среќен што заврши без повреда на трката која се возеше во Сан Марино и што успеа да освои три поени. Тој излета надвор од патеката само неколку дена по операцијата на левиот показалец.

crutclow dozd

Британскиот возач ја пресече тетивата на раката неколку дена пред оддржувањето на трката. Покрај тоа што мораше да замине на операција, Кратчлоу еден месец ќе мора да носи и посебна ракавица која ќе му го држи прстот исправен. Но и покрај тоа што падна, а потоа се врати на трката и на крајот заврши на тринаесетото место, Кратчлоу вели дека е добро што поминал без никаква посериозна повреда.

„Чувствував мала болка кога се вратив на патеката но знаев дека морам да ја завршам трката. Мотоциклот беше оштетен и до крајот возев без држач за нозете, а дел од рачката го допираше резервоарот. Но веднаш штом почнав да се чувствувам подобро решив да притиснам и постигнував исто време како и Вињалес. Но, тогаш веќе бев далеку од него.“

„Мислам дека извозев добра трка со оглед на проблемите кои ги имав. Не можев да кочам како што треба бидејќи не можев да ја користам рачката.  Но успеав да извозам неколку брзи круга пред крајот на трката и барем успеав да освојам неколку поени.“

Но и покрај тоа што возеше повреден во текот на целиот викенд, Кратчлоу вели дека благодарение на менувачот немал потреба да го користи повредениот прст.

„Имав мали проблеми на стартот но после тоа бев подобар. Ја удрив раката кога паднав но добро е што ја носев ракавицата па не добив посериозна повреда. Се надевам дека состојбата ќе биде подобра до трката во Арагон. “

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!