Кал Крачлоу го раскина договорот со Дукати, од следната сезона ќе вози за новиот LCR Honda тим кој ќе биде спонзориран од CWM. Крачлоу во 2015 ќе вози фабричка Honda RC213V.

35crutchlowgpalemania ds- s5d9376 original-623x413

Кал Крачлоу го раскина договорот со Дукати, од следната сезона ќе вози за новиот LCR Honda тим кој ќе биде спонзориран од CWM. Крачлоу во 2015 ќе вози фабричка Honda RC213V.

29 годишниот Британец следната сезона ќе настапува на новиот LCR Honda тим кој ќе биде спонзориран од CWM, а Крачлоу ќе има прилика да вози фабричка Honda RC213V.

Возачот за кој се очекуваше многу по фантастичните трки кои ги имаше додека беше дел од Yamaha Tech3 тимот, оваа сезона нема позначителен успех со Дукати. Со објавата дека го раскинува договорот со Италијанскиот тим, Крачлоу повторно ги сврте погледите кон себе. Коментарите во мото заедницата се дека тој од следната сезона конечно ќе добие мотор со кој ќе може да го покаже целиот свој потенцијал.

Одговорните луѓе од новиот тим не го криеја воодушевувањето, за нив Крачлоу е човекот кој ќе доближи уште една Хонда на врвот. „Се чини дека сезоната 2015 ќе биде навистина возбудлива, ние во CWM-LCR Honda сме многу среќни што ќе го имаме Кал Крачлоу на нов мотор, со нови бои во новиот тим. Кал е професионалец, доверлив човек и врвен возач, исто како што е CWM, па затоа ќе имаме перфектна синергија.“ - изјави Антони Константину, извршен директор на CWM.

Тимот на Дукати и официјално го потврди прекинувањето на договорот со Крачлоу кој требаше да остане во Дукати до крајот на 2015, па така за Дукати следната година ќе возат Андреа Ианон и Андреа Довициозо.

Back To Top