27
Пон, Фев
MotoGP

МотоГП: Кејси Стонер со најдобро време на првиот ден од тренинзите

motori 2012_australia_fri_pic_1Првиот ден од возбудувањата на патеката Филип Ајленд во Австралија поминаа во знакот на возачите од Хонда Репсол тимот, Кејси Стонер и Дани Педроса. Стонер со време од 1'29.999 го подобри претходниот рекорд на патеката кој го забележа Ники Хејден во 2008-ма..

Следете нè на:

 

2012 australia_fri_pic_1

Првиот ден од возбудувањата на патеката Филип Ајленд во Австралија поминаа во знакот на возачите од Хонда Репсол тимот, Кејси Стонер и Дани Педроса. Стонер со време од 1'29.999 го подобри претходниот рекорд на патеката кој го забележа Ники Хејден во 2008-ма година и со тоа се избори за најдобар резултат на првиот ден од тренинзите. На втората позиција по два извозени тренинга е Дани Педроса со заостанување од 8 десетинки од времето на Стонер, а актуелниот лидер во шампионатот Хорхе Лоренцо оствари трето време.

Кејси Стонер кој утринава доби и свиок со своето име на Филип Ајленд е решен да ја забележи последната победа пред да се повлече од МотоГП, што доколку се оствари ќе им ги замрси сметките на претендентите за титулата, Хорхе Лоренцо и Дани Педроса. Но Австралиецот и претходно изјави дека нема намера да слуша тимски наредби или пак да калкулира со возењето, тој оди на победа, а битката за титулата по се изгледа ќе се решава на последната трка на 11 ноември на патеката Валенсија.

Резултати од тренинзите
1 Casey Stoner 1'29.999 AUS HONDA Repsol Honda Team
2 Dani Pedrosa 1'30.884 SPA HONDA Repsol Honda Team
3 Jorge Lorenzo 1'31.005 SPA YAMAHA Yamaha Factory Racing Team
4 Cal Crutchlow 1'31.367 GBR YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
5 Andrea Dovizioso 1'31.458 ITA YAMAHA Monster Yamaha Tech 3
6 Alvaro Bautista 1'31.616 SPA HONDA San Carlo Honda Gresini
7 Stefan Bradl 1'31.702 GER HONDA LCR Honda MotoGP
8 Valentino Rossi 1'32.030 ITA DUCATI Ducati Team
9 Nicky Hayden 1'32.312 USA DUCATI Ducati Team
10 Randy De Puniet 1'32.674 FRA ART Aspar Team MotoGP
11 Hector Barbera 1'32.706 SPA DUCATI Pramac Racing
12 Karel Abraham 1'32.744 CZE DUCATI Cardion AB Motoracing
13 Aleix Espargaro 1'33.727 ESP ART Aspar Team MotoGP
14 Colin Edwards 1'33.835 USA SUTER NGM Mobile Forward Racing
15 Michele Pirro 1'34.002 ITA HONDA San Carlo Honda Gresini
16 Danilo Petrucci 1'34.531 ITA IODA Ioda Racing Project
17 James Ellison 1'34.561 GBR ART Paul Bird Racing
18 Ivan Silva 1'34.746 SPA BQR-FTR BQR
19 Roberto Rolfo 1'34.771 ITA ART Speed Master

Информации за патеката
Прва трка 1989 circuit large_rnd16_phillip_island
Одржани трки 17
Кругови 27
Должина на трка 120.096km
Должина на патека 4.448km
Ширина на патека 13m
Најдолг правец 0.900km 
Свиоци 12 (5 десни, 7 леви)
Пол позиција Лева
Капацитет на седишта 150.000

Заради временската разлика третиот тренинг ноќеска започнува во 02.10 часот, а квалификациите се во 05.55 по наше време. Пред да започне тренингот и квалификациите на патеката ќе се појави Мајк Дуан кој ќе извози круг низ Филип Ајленд со подготвена Honda RC213V. Трката во недела започнува во 6 часот изутрина и може да се следи на обичниот СпортКлуб канал или преку интернет на www.frombar.tv/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!