MotoGP

MotoGP: Кејси Стонер го комплетираше тестот во Катар

„Ќе беше убаво да имам два дена за темелно да го тестирам мотоциклот, но сепак сме задоволни со она што го постигнавме за 65 круга“ – Кејси Стонер

Следете нè на:

 

Попречен од повремениот дожд во понеделникот, Кејси Стонер извозе 65 кругови на Гран При патеката во Катар за време на последната вечер од приватните тестови на Ducati.

„Денеска не беше многу лошо, но јас сум преморен! “, изјави пензионираниот двократен светски шампион. „Извозевме доста кругови иако временските услови не беа идеални. Имаше малку дожд но сепак поголем дел од денот беше суво. Имаше и повеќе од доволно време за да ја комплетираме зацртаната програма.“

Главната цел на овој тест беше Стонер да го има својот деби настап на 2016 Desmosedici. Андреа Довициозо со истиот мотоцикл го освои второто место на трката во Катар.

stoner ducati losailКејси Стонер за време на тестот во Катар

„Конечно успеав да го возам 2016 Desmosedici GP, кој според мене е различен од GP15,“ изјави Стонер. Според него, овој мотоцикл има малку помека шасија.

„Ќе беше убаво да имам два дена за темелно да го тестирам мотоциклот, но сепак сме задоволни со она што го постигнавме за 65 круга“.

Стонер, кој откри дека негова главна задача во овој момент е да ги тестира новите делови кои Довициозо и Андреа Ианоне немаат време да ги пробаат за време на Гран При викендот, додаде:

„Тестиравме многу работи. Во сите нив имаше нешто позитивно и негативно. Задоволни сме со насоката по која се движиме.“

Ducati не ги објави времињата кои беа постигнати.

Стонер ја отфрли можноста да го замени повредениот возач на Pramac, Данило Петручи, на првата вечер од тестирањето. Се уште не е познато кога ќе биде следниот тест, бидејќи тоа зависи од новите делови.

Развојниот возач на Ducati, Микеле Пиро, кој не беше присутен во Лосаил, се очекува да го замени Петручи на вториот настап кој ќе се оддржи во Аргентина.

 

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!