18
Сре, Јан
MotoGP

МотоГП: Kако Хонда гледа на новите „CRT“ тимови?

thumb_PA1010870Извршниот директор на „HRC“, г-н Накамото ги изнесе во јавноста своите размислувања за „CRT“ (Claiming Rule Teams), притоа истакна дека Хонда е против шампионат кој би се состоел исклучиво од вакви тимови.

Следете нè на:

 

PA1010870

Извршниот директор на „HRC“, г-н Накамото ги изнесе во јавноста своите размислувања за „CRT“ (Claiming Rule Teams), притоа истакна дека Хонда е против шампионат кој би се состоел исклучиво од вакви тимови.

„CRT“ беа воведени во МотоГП од оваа сезона со цел да се зголеми бројноста на стартната линија. Промената на класата од 800 во 1000цц придонесе бројот на возачи да се намали на 12, а Дорна како да го претчувствуваше ова по крајот на минатогодишната сезона. Благодарение на новото правило кое дозволува приватни тимови да користат Супербјак мотори кои се модифицирани и прототипна шасија, бројот на натпревараувачи на стартно целната рамнина ќе изнесува 21.

За целосен преглед на возачите кои ќе се натпреваруваат во МотоГП 2012 кликнете овде.

Предностите на „CRT“ тимовите се поголемиот капацитет на резервоарот и можноста за промена на шасијата во однос на фабричките тимови, но тие не смеат да претставуваат одреден производител на мотори во целина, и должни се по барање да ја продадат машината за 20.000 евра.

Размислувањата во јавноста се различни, едни ги поддржуваат новите промени со мислење дека колку повеќе толку ќе биде повесело, но од друга страна се погласни се мислењата дека овие мотори само ќе го намалуваат темпото на трката и ќе претставуваат опасност за возачите на стандардните тимови. Доколку се земат во предвид резултатите од вчерашниот прв тест на Сепанг, разликата од водечкиот Хорхе Лоренцо до најбрзиот „CRT“ мотор (Колин Едвардс) беше +6.583 секунди.

Во поглед на ова, г-н Накамото изјави: „Мораме да размислиме како да ја намалиме разликата помеѓу водечките и CRT моторите. Минатата година нашиот тест возач Акијоши со Супербајк мотор на патеката Сузука постави време кое беше само 1 секунда зад она на тогашните МотоГП мотори од 800цц. Според резултатите кои ги гледаме овдека, но и оние од Валенсија, разликата е огромна, а не верувам дека е проблемот само до моторите. Реално гледано, тешко е да се најде добар возач за CRT мотор, можеби тука треба да се фокусираат тимовите.“

„Економската ситуација е навистина тешка, ние како производители сигурно дека ќе му предложиме некои промени на Кармело (шефот на Дорна н.з.), во поглед на CRT и иднината на МотоГП. Во секој случај, шампионат во кој би имало само CRT мотори не е за нас.“ - јасно го искажа својот став шефот на HRC.

Мај е последниот рок до кога тимовите и Дорна треба да се договорат за правилата во 2013, Кармело Ецпелета се стреми кон намалување на трошоците на тимовите и според него цената на еден мотор треба да изнесува околу 1 милион евра. Останува да видиме дали ќе се најде компромисно решение и МотоГП ќе продолжи да биде нај атрактивниот мото настан на планетата.

comments

Би можело да ве интересира

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!