Учеството на Дани Педроса на последните неколку трки од шампионатот се чини дека заврши откако ја скрши клучната коска .

Дани Педроса ја скрши клучната коска по големото излетување што го имаше на тренингот кој се оддржа во Јапонија рано утринава по наше време.

Шпанецот, кој победи на оваа трка минатата година, излета од патеката со мотоциклот пред самиот крај на вториот слободен тренинг.

dani motegi 17

За среќа, тој можеше веднаш да стане, но според она што можеше веднаш да се забележи, тој имаше повреда на рамото. Ваквите прогнози подоцна беа потврдени и од докторите.

Мотеги е првата од трите трки кои ќе се оддржат во следните три викенди. Ова значи дека Педроса најверојатно ќе ги пропушти и останатите трки кои ќе се оддржат на Филип Ајленд и Сепанг. Крајната трка на шампионатот ќе се оддржи во Валенсија на 13ти ноември.

Многу возачи кои доживеале ваква повреда се вратиле на трките после само неколку дена, но со оглед на тоа дека Педроса веќе има дожиивеано голем број на слични повреди во минатото како и фактот дека не може да со бори за титулата, се поставува прашањето дали Педроса би требало воопшто да ризикува.

Тоа што нема да учествува на трките веројатно ќе значи и губење на четвртото место кое сега ќе го заземе Маверик Вињалес, а Honda ќе се соочи со уште поголем притисок од Yamaha и во делот на конструктори.

Back To Top