29
Чет, Јун
MotoGP

MotoGP: Јамаха е подготвена за Ле Ман

По успешниот викенд во Херез, тимот на Јамаха е подготвен за петтата рунда во МотоГП шампионатот која се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Следете нè на:

 

rossi lorenzoРоси и Лоренцо се подготвени за Ле Ман

По успешниот викенд во Херез, тимот на Јамаха е подготвен за петтата рунда во МотоГП шампионатот која се вози на патеката Ле Ман во Франција.

По фантастичната победа на Лоренцо и 200-от подиум на Роси, тимот на Јамаха со нетрпение ја очекува трката за ГН на Франција. Валентино Роси кој е на чело на шампионатот од првата трка во Катар, на последната го продолжи водството и во генералниот пласман има предност од 15 поени, па оправдано се надева на продолжување на успешната низа резултати на Ле Ман. Тој на оваа патека има забележано три победи (2002, 2005 и 2008), четири втори места (2003, 2010, 2012 и 2014) и три трети места (2000, 2001 и 2011).

Лоренцо исто така има успеси на патеката Ле Ман меѓу кои се трите победи во 2009, 2010 и 2012 и второто место во 2008. Шпанецот по успехот во Херез во генералниот пласман се искачи на третата позиција со заостанување од само 20 поени зад неговиот клубски колега.

lemanПатеката Ле Ман е изградена во 1965 година, а нај позната е по 24 часовната трка која се одржува на неа. Иако од доцните 60-ти години била домаќин на ГП трки, во 1996 година беше тргната од календарот, се до 2000. Причината за повлекувањето на патеката од календарот беше сериозниот инцидент на Алберто Пјуиг, а по извршените модификации на тесната патека, таа се врати во календарот и е домаќин на повеќе од 100.000 гледачи секоја година. На патеката доминираат свиоци кои се поминуваат со прва брзина, карактеристична е по доцното кочење и раното забрзување што резултираше со неколку извонредни трки во изминатите години.

Трката се вози во недела (17 мај) со почеток од 14 часот.

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!