27
Чет, Јул
MotoGP

MotoGP: Изненадување на првиот тренинг, Алеш Еспергаро најбрз

Новата МотоГП сезона и официјално започна со првиот тренинг на патеката Лосаил пред трката за ГН на Катар.

Следете нè на:

 

41-a.espargaro originalФантастичен старт за Еспергаро

Новата МотоГП сезона и официјално започна со првиот тренинг на патеката Лосаил пред трката за ГН на Катар.

Ако денот по утрото се познава, во недела не очекува пеколен ден. Она што имавме прилика да го видиме на првиот официјален тренинг на патеката Лосаил пред трката за ГН на Катар беше вистинско изненадување.

Главната причина за ова секако се резултатите кои беа забележани, во кои најбрзиот „вонземјанин“ беше Дани Педроса на шестата позиција. Вистинско освежување беше следењето на фантастичниот Алеш Еспергаро кој на „NGM Forward“ тимот му го донесе провизорното прво место.

Зад Еспергаро со својот резултат се најде Алваро Баутиста, а на третата позиција финишираше Бредли Смит. Одлично возење следевме и од Андреа Ианон кој забележа четврт резултат, како и Пол Еспергаро со петтата позиција.

Од возачите кои сме навикнати да ги гледаме на челните позиции најдобар резултат имаше Дани Педроса (6), зад него на седмата позиција остана Валентино Роси, Лоренцо возеше за деветто време, а актуелниот Светски шампион Марк Маркез забележа само 11-то време.

Поз.Бр.ВозачЗемјаТимМоторКм/чВремеРазлика
1 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha 336.1 1'55.201  
2 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda 342.9 1'55.667 0.466 / 0.466
3 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 337.3 1'55.816 0.615 / 0.149
4 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 345.7 1'55.996 0.795 / 0.180
5 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 346.0 1'56.020 0.819 / 0.024
6 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda 344.0 1'56.332 1.131 / 0.312
7 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 340.4 1'56.542 1.341 / 0.210
8 5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha 332.1 1'56.626 1.425 / 0.084
9 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 340.0 1'56.668 1.467 / 0.042
10 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda 328.6 1'56.670 1.469 / 0.002
11 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 344.4 1'56.682 1.481 / 0.012
12 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda 342.4 1'56.726 1.525 / 0.044
13 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 339.7 1'57.046 1.845 / 0.320
14 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 340.4 1'57.100 1.899 / 0.054
15 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati 340.8 1'57.623 2.422 / 0.523
16 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 330.0 1'57.779 2.578 / 0.156
17 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda 329.9 1'58.182 2.981 / 0.403
18 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia 324.6 1'58.394 3.193 / 0.212
19 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda 324.4 1'58.495 3.294 / 0.101
20 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 324.6 1'58.732 3.531 / 0.237
21 9 Danilo PETRUCCI ITA IodaRacing Project ART 327.3 1'59.321 4.120 / 0.589
22 23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM 321.4 1'59.328 4.127 / 0.007
  70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM      

Вториот тренинг на програмата е утре со почеток во 16 часот, а третиот на програмата е во 18.55. Во сабота четвртиот тренинг започнува во 17.55, а квалификациите се веднаш потоа, Q1 со почеток во 18.35, a Q2 со почеток во 19 часот. Трката во недела започнува во 20 часот по наше време, пренос ќе можете да следите на СпортКлуб каналот или преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

 

comments

Би можело да ве интересира

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!