Хироши Аојама ќе мора да ја пропушти MotoGP трката во Асен оваа сабота.

IvanSilva2012

Хироши Аојама ќе мора да ја пропушти MotoGP трката во Асен оваа сабота.

Јапонскиот возач, кој веќе има неколку повреди (фрактура на левиот палец и повредени лигаменти на левото колено), падна за време на третиот слободен тест во Каталуња и заработи повреда поради која ќе мора да ја пропушти трката.

Аојама имаше операција во Барселона на која му беше отстранет дел од од прстот на левата рака.

Поранешниот возач на Avintia Blusens MotoGP, Иван Силва се очекува да го замени Аојама не само за трката во Асен туку и на трките во Сашенринг и Лагуна Сека.

Не заборавајте, трката како и секоја година на Асен е во сабота наместо во недела, со почеток од 15.00 по наше време.

Back To Top