18
Сре, Јан
MotoGP

MotoGP: Херез повторно стана земја на Лоренцо

Хорхе Лоренцо го имаше перфектниот викенд во Херез, почнувајќи од пол позиција, преку рекорд на патеката до победа.

Следете нè на:

 

01 46 rossi 93 marquez 99 lorenzo gp 7874 2 0 0.bigЛоренцо, Маркез и Роси на подиумот во Херез

Хорхе Лоренцо го имаше перфектниот викенд во Херез, почнувајќи од пол позиција, преку рекорд на патеката до победа.

Лорензо беше најбрз на сите сесии освен на четвртиот слободен тренинг, тој всушност го постави и новиот рекорд на Херез и со време од 1’37.910 стана најбрзиот мотоциклист кој ја завртел патеката со должина од 4.4км.

Фантастичниот викенд за Лоренцо доаѓа по три трки без подиум по што многумина го отпишаа Шпанецот како фаворит за титулата. Сепак Херез кој повторно стана „Lorenzo Land“ покажа дека освен Роси, Довициозо и Маркез, ќе има и четврт играч. По победата Лоренцо кој денеска полни 28 години изјави: „Горд сум што конечно прикажавме одлична работа, од мене и од тимот, бидејќи претходно имавме проблеми кои беа надвор од нашите раце. Во Катар имав проблеми со кацигата, во САД бев болен, а во Аргентина имавме проблеми со гумите. Сега конечно можевме да го покажеме нашиот потенцијал“.

Маркез на трката во Херез возеше со болка во прстот по операцијата, но сепак успеа да дојде до вториот подиум во сезоната. Тој имаше предност од 3.5 секунди пред Валентино Роси кој почна полека да се топи, па така на неколку кругови пред крајот разликата изнесуваше само 1 секунда. Како што изјави и самиот Маркез, во тој момент помислил дека гледа дежа ву на трката од Аргентина, но сепак успеа да собере сили и да ја одржи разликата до крајот.

Валентино Роси дојде до 200-от подиум во кариерата на трката во Херез. Неговиот прв подиум беше во 1996 година во класата до 125цц на трката во Австрија. Сепак Роси не се потпира на рекордите: „Забележав многу поени до сега, имав две победи и четири подиуми со што направив разлика пред Довициозо во генералниот пласман, но сега тука е Лоренцо кој е само 20 зад мене, а има уште многу да се вози во шампионатот.“

Една работа е сигурна, никој повеќе нема да се обложи дека Роси не е претендент за титулата, но сепак, Маркез нема така лесно да се откаже од шампионатот, а секако тука е и Лоренцо но и Довициозо кој ќе се обиде да не ја повтори грешката од Херез. Следната трка се вози на патеката ЛеМан во Франција на 17-ти мај.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 44'57.246
2 20 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +5.576
3 16 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +11.586
4 13 35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda +22.727
5 11 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +26.620
6 10 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +27.021
7 9 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +35.445
8 8 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +36.296
9 7 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +41.933
10 6 68 Yonny HERNANDEZ COL Pramac Racing Ducati +51.072
11 5 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +51.674
12 4 9 Danilo PETRUCCI ITA Pramac Racing Ducati +52.421
13 3 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +53.052
14 2 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +53.200
15 1 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +57.344
16   6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward +59.018
17   69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +1'01.506
18   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'03.163
19   33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +1'06.895
20   43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda +1'14.182
21   15 Alex DE ANGELIS RSM Octo IodaRacing Team ART +1'26.832
22   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati 1 круг
Без пласман
    7 Hiroshi AOYAMA JPN Repsol Honda Team Honda 13 круга
    76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward 19 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 24 круга
comments

Би можело да ве интересира

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Десетата етапа на релито Дакар се покажа како лоша за возачот на Rockstar Energy Husqvarna, Пабло Квинтанила, кој мораше да се повлече од трката.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!