MotoGP го промени начинот на кој ќе се доделуваат казнени поени. Ова следува по казната што ја доби Валентино Роси за сударот што го имаше со Марк Маркез на трката во Сепанг.

На Роси му беа доделени три поени во Сепанг, кои пак се надополнија на поенот што веќе го доби во Мисано. Нивната важност ќе заврши во септември. Според старите правила, добивањето на уште еден поен до трката во Мисано како и останатите три поени чија важност е до октомври, би значеле полошо стартно место.  

595746

По новите правила, деветкратниот шампион ќе треба да добие нови четири поени, плус старите три што веќе ги има, за да биде казнет. Во овој случај казната е старт од гаражата.

Овој систем е дизајниран да ги казни возачите за индивидуални инциденти.  Новите правила се обид на организаторите да ги имплементираат поените на начин на кој се замислени.

Back To Top