На патеката  во Сан Марино, MotoGP денеска и официјално го повлече од употреба бројот 58 и со тоа му оддаде чест на Марко Симончели кој загина пред речиси пет години на трката која се оддржа во Сепанг, Малезија.

Покрај ова, патеката во Мисано го промени и официјалното име во “Misano World Circuit – Marco Simoncelli ”, во чест на загинатиот возач.

Marco Simoncelli MotoGP Number 58 retired

Патеката во Сан Марино е соодветно место за ваков настан, а таа се наоѓа на неколку километри од родното место на Симончели, Католика.

Ова е уште една почест што Dorna му ја дава на Симончели. Пред две години, за време на трката во Муџело, Марко Симончели беше именуван за MotoGP легенда.

Неговата трагична смрт се уште е длабоко врежана во сеќавањата на сите љубители на MotoGP. Во својата кариера, тој постигна 14 победи а во 2008 година стана Светски Шампион во категоријата од 250cc. Два пати се искачи на подиумот и во MotoGP шампионатот.

Back To Top