„Техничкиот директор ќе биде единствениот кој ќе може да одлучи дали направата или дизајнот потпаѓаат под дефиницијата“

MotoGP 2017 забраната за аеродинамичните крилца ќе се спроведува под следното правило, кое беше договорено од Гран При комисијата на патеката во Мизано:

„Уреди или форми кои потекнуваат од пластиките и кои не се интегрирани на мотоциклот, а кои можат да обезбедат аеродинамичен ефект, не се дозволени.“

„Техничкиот директор ќе биде единствениот кој ќе може да одлучи дали направата или дизајнот потпаѓаат под оваа дефиницијата.“

krilca motogp

Со давање на последниот збор на техничкиот директор, се избегнува потребата за точно дефинирање на ваквите уреди и форми во правилникот.  Сепак, беше додадено и дека:

„За да се избегне моментот дека предниот дел од пластиките е во форма на крило, а поради безбедноста, предниот дел од пластиките не може да биде испакнат повеќе од 150mm над вертикалната линија, гледано од центарот на предното тркало. (мора да се напомене дека сите пластики кои во моментов се користат се во согласност со ова правило).“

Интересно, новото правило не ја забранува употребата на аеродинамични средства доколку тие се дел од каросеријата.

Back To Top