MotoGP

MotoGP: Фото финиш за Лоренцо, Роси остана без пласман

Шестата рунда од МотоГП шампионатот можеше да биде една од нај возбудливите во сезоната, но Јамахата на Роси се расипа во осмиот круг, па на крајот се задоволивме со битката за првата позиција помеѓу Лоренцо и Маркез која траше до самиот крај.

Следете нè на:

 

Домашната патека на Валентино Роси се покажа како малерозна за Италијанецот, неговиот мотор издржа до осмиот круг по кој мораше да се повлече. Роси и Лоренцо возеа фантастична трка и прикажаа одлична борба за првата позиција од самиот старт но за жал пехот на Докторот не лиши од она што можеше да биде нај возбудливата трка во сезоната.

99 jorge lorenzo esp gp 2986.middleПобеда за Лоренцо во Муџело, Роси остана без бодови

Сепак за да не следиме досадна трка до крајот се погрижи Марк Маркез кој покажа дека кога сака може да вози за првото место па така до самиот крај му зададе вистински предизвик на Лоренцо кој успеа да ја одбрани првата позиција за само 0.019 делови од секундата! Разликата помеѓу двајцата Шпанци беше неверојатна мала, па навистина е вистинско чудо тоа што издржа јамахата на Лоренцо, кој утринава исто така имаше проблеми со моторот.

Првпат од 2008 година, Роси со својата Јамаха беше на пол-позицијата во Муџело, каде што имаше над 100.000 луѓе кои го исчекуваа неговиот триумф. Меѓутоа на стартот, Хорхе Лоренцо од петтото место изби напред, додека второпласираниот Маверик Вињалес падна на 11-то место.

Андреа Јаноне со Дукати имаше фантастична трка за да го освои последното место на подиумот пред вториот возач на Хонда, Дани Педроса. Со победата, Лоренцо сега има 115 поени во генерален пласман, 10 повеќе од Маркез, додека Роси без поени е далеку на третото место со 78 поени.  Поени за своите тимови обезбедија и Дани Педроса, Довициозо, Вињалес, Смит, Петручи, Алеш Еспагаро и Микеле Пиро.

pos 1st 2nd riders 99 93.middleЛоренцо дојде до победата со предност од 0.019 пред Маркез

Резултати од денешната трка:

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 41'36.535
2 20 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda +0.019
3 16 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +4.742
4 13 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +4.910
5 11 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +6.256
6 10 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +8.670
7 9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +13.340
8 8 9 Danilo PETRUCCI ITA OCTO Pramac Yakhnich Ducati +14.598
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +18.643
10 6 51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati +22.298
11 5 35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda +27.936
12 4 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +35.712
13 3 50 Eugene LAVERTY IRL Aspar Team MotoGP Ducati +38.032
14 2 6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +40.094
15 1 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +59.811
16 68 Yonny HERNANDEZ COL Aspar Team MotoGP Ducati +1'04.397
Без пласман
46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 15 круга
45 Scott REDDING GBR OCTO Pramac Yakhnich Ducati 15 круга
Без завршен прв круг
43 Jack MILLER AUS Estrella Galicia 0,0 Marc VDS Honda 0 круга
19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 0 круга
76 Loris BAZ FRA Avintia Racing Ducati 0 круга

Следната трка се вози на патеката Каталуња во Шпанија на 5-ти јуни.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!