29
Сре, Мар
MotoGP

MotoGP: Фантастична победа за Роси во Силверстоун

Валентино Роси прикажа фантастично возење на Британското Гранд При, освојувајќи го првото место на дождливиот Силверстоун.

Следете нè на:

 

rossi silverstone 2015Дождот не беше проблем за Валентино Роси

Валентино Роси прикажа фантастично возење на Британското Гранд При, освојувајќи го првото место на дождливиот Силверстоун.

Возбудувањата започнаа пред стартот на трката кога дождот почна да паѓа на Британската патека, а трката беше означена како сува. Тоа значеше дека сите возачи можеа да стартуваат со сликови, или да се одлучат за гуми за дожд но да стартуваат од боксот. Одлуката на сите беше да влезат во боксот и да ги заменат моторите, по што дирекцијата на трката одлучи да го одложи стартот и да ја намали трката на 20 кругови.

25 минути подоцна се беше подготвено за вториот старт, овој пат со мотоцикли адекватни на условите на патеката. Валентино Роси утрината веќе имаше најдобро време при тренингот на дожд, па не е ни чудно што иако стартуваше од четвртата позиција за кратко време се искачи на првата.

По стартот на трката Хорхе Лоренцо го започна водството, следен од Марк Маркез и Валентино Роси. Сепак Докторот за само еден круг успеа да го помине Маркез, а потоа да го започне нападот и на својот клубски колега. Позицијата на Роси беше загрозена се до 8 круга пред крајот кога Марк Маркез доживеа пад и за него трката заврши. По трката тој изјави дека иако не освоил ниту еден под сепак тоа било позитивно ускуство за него и добро било што знаат дека можат да се борат со Јамахите.

По падот на Маркез неверојатниот Данило Петручи се обиде да го стигне Роси, притоа повлекувајќи го третопласираниот Андреа Довициозо но возачот на Јамаха рутинирано ја зголеми предноста од 1,5 на 3 секунди и дојде до победа во Британија.

Лоренцо кој до почетокот на трката беше израмнет со Роси во генералниот пласман на првата позиција, во Силверстоун заврши на четвртата позиција. Имаше одличен старт, изби на чело од колоната но беше поминат од Маркез и Роси во вториот круг. Два круга подоцна се судрија со Пол Еспергаро но иако остана на патеката тој загуби драгоцено време во битката со првите двајца. Потоа Шпанецот имаше проблеми со визирот кој започна да се замаглува па ја изгуби и третата позиција која ја имаше, паѓајќи на шестото место зад Петручи, Довициозо и Педроса. До крајот тој успеа да се искачи на четвртата позиција, 5,7 секунди зад својот клубски колега.

Победата на Роси значеше негово 12-то искачување на подиумот оваа сезона, со што заслужено повторно се врати на врвот во генералниот пласман. Тој сега има 236 поени, зад него е Лоренцо со 224, а на третата позиција Маркез сега има 159 поени, само 9 повеќе од четврто пласираниот Андреа Јанон.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 46'15.617
2 20 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +3.010
3 16 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +4.117
4 13 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +5.726
5 11 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +11.132
6 10 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +25.467
7 9 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +26.717
8 8 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +29.393
9 7 41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +38.815
10 6 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +41.712
11 5 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +44.776
12 4 69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda +52.489
13 3 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati +1'11.211
14 2 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'15.292
15 1 15 Alex DE ANGELIS RSM E-Motion IodaRacing Team ART +1'17.863
16   76 Loris BAZ FRA Forward Racing Yamaha Forward +1'19.310
17   50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +1'19.735
18   71 Claudio CORTI ITA Forward Racing Yamaha Forward +1'58.086
19   17 Karel ABRAHAM CZE AB Motoracing Honda 1 Круг
Без пласман
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 6 Круга
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 8 Круга
    6 Stefan BRADL GER Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 8 Круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR LCR Honda Honda 16 Круга
    43 Jack MILLER AUS LCR Honda Honda 18 Круга
Не го заврши првиот круг
    68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati 0 Круг
comments

Би можело да ве интересира

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!