Алеш Еспаргаро го заврши првиот ден од тестовите во Австралија на изненадувачкото прво место откако на најдобар начин ги искористи временските услови на Филип Ајленд. На крајот Еспаргаро заврши со предност од 0.005 пред лидерот во шампионатот, Марк Маркез.

Шпанецот беше најбрз на утринската тренинг сесија но како што се загреваше подлогата на патеката, постариот од браќата Еспаргаро беше тој кој успеа да постигне подобар резултат. 

IMGP8014

За разлика од Маркез, неговиот ривал во борбата за титулата Андреа Довициозо заостануваше 0.092 и се најде на третото место. Минатогодишниот победник Кал Кратчлоу и покрај тоа што пред самиот крај се обиде да го претекне Довициозо, на крајот сепак мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Маверик Вињалес беше петти, а херојот на домашната публика Џек Милер на крајот заврши на шестата позиција. За него ова беше прв настап откако ја скрши ногата.

Андреа Ианоне, Јохан Зарко, Дани Педроса и Пол Еспаргаро ги заокружија првите десет места, а веднаш зад нив на единаесетото и дванаесетото место се најдоа Хорхе Лоренцо и Валентино Роси.

Back To Top