Дукати го напушта елитното друштво на фабрички тимови во MotoGP шампионатот и трките ќе ги продолжи во новата таканаречена „отворена класа“.

ducati-open-class

Дукати го напушта елитното друштво на фабрички тимови во MotoGP шампионатот и трките ќе ги продолжи во новата таканаречена „отворена класа“.

Дукати повеќе нема да им прави друштво на Хонда и Јамаха и во МотоГП шампионатот ќе продолжи да се натпреварува како тим со свои пулени во отворената класа.

Кал Крачлоу и Андреа Довициозо, како и возачот на Дукати Прамак тимот, Андреа Ианон, сега се на исто рамниште со Џони Хернандез кој веќе беше најавен како натпреварувач во „open“ класата.

Трките од МотоГП шампионатот се исти за возачите со фабрички мотори, како и за оние од отворената класа, сите тие ќе се борат за истата титула, но правилата се различни. Ограничување на горивото, промени на моторите, задни гуми, различен софтвер на „ECU“ единицата... сето ова е со различни параметри. 

Според надлежните од Дукати Корсе тимот, слободата која им ја дава отворената класа ќе ја искористат за во 2014-та да го создадат победничкиот мотор кој во иднина ќе им донесе подиуми.

Тимот на Дукати е без победа во изминатите три години, а минатата сезона не забележаа ниту подиум, па веројатно и разбирлива е нивната одлука гледано на долгорочен план. Новата отворена класа е на некој начин унапредена класа од минатогодишната „CRT“. Возачите во оваа класа ќе имаат 4 литри повеќе гориво, 12 промени на агрегатот наместо 5 колку што имаат фабричките возачи, помека компонента на задна гума и инженерите ќе можат да продолжат со развој на моторите во текот на сезоната, период во кој на фабричките тимови тоа им е забрането.

Back To Top