25
Саб, Мар
MotoGP

MotoGP: Дукати го утна датумот за тестирањето на Стонер

Планот за тестирање на MotoGP тимот на Ducati, доживеа проблем поради лошо толкување на правилата кои важат за тестирање

Следете нè на:

 

Планот за тестирање на MotoGP тимот на Ducati, доживеа проблем поради лошо толкување на правилата кои важат за тестирање. Овој проблем настанал при резервацијата на патеката во Лосаил, а на која Ducati во недела и понеделник требаше да оддржат приватни тестови.

Според планот, Кејси Стонер требаше да го тестира Ducati Desmosedici GP во недела и понеделник, откако завршија официјалните тестови.

Предноста на Ducati ќе била во тоа што Стонер ќе тестирал на релативно чиста патека и во слични услови како и останатите возачи и потоа ќе можеле да се споредат времињата кои биле постигнати од фабричките возачи и од Стонер.

Casey Stoner Ducati Test 2016Стонер на тестирањето во Сепанг

За жал, плановите на Ducati се спротивни на официјалните MotoGP правила за тестирање и од организаторите добија забрана. Според правилникот, забрането е тестирање доколку остануваат  уште две недели до оддржување на трка на истата патека.

1.15.1.1 MotoGP класа
Тест возачи:

Тест возачите можат да возат на било која патека во било кое време. Тестови не се дозволени на четиринаесет денови пред оддржување на трка на истата патека, освен доколку тоа не е дозволено од дирекцијата на трката.

Ducati првично изјави дека има забуна околу тоа дали периодот од четиринаесет дена важи од почетокот на трката или до стартот на тренингот, кој на патеката во Катар ќе се оддржи на 17ти Март.

Но дури и со најлабаво толкување на правилата, Стонер ќе можеше да тестира само во недела, а не и во понеделник. Алтернативата би била Стонер да тестира за време на официјалниот IRTA тест во Катар. Но, и тоа би било проблематично. Стонер треба да го тестира GP16, но бидејќи мотоциклот е се уште нов, нема доволен број на резервни делови.

Доколку Стонер го тестира GP16, тоа би значело дека тој ќе земе најмалку еден, а можеби и два мотоцикли од фабричките возачи на Ducati, Андреа Довициозо и Андреа Јанон. Бидејќи ова е последниот тест пред стартот на сезоната, таквиот негов настап само би преставувал дополнителна работа и би ја ограничил тест програмата.

Иако Ducati го цени знаењето и искуството на Стонер, тој сепак нема да се натпреварува оваа сезона. Довициозо и Јанон ќе бидат задолжени да му ја донесат првата победа на тимот по победата во 2010 година.

Иако е тешко да се сфати како еден добро организиран тим како Ducati можел да направи ваква грешка, тие не се единствените.

Според GPOne.com, Yamaha закажала приватно тестирање за Колин Едвардс на 8ми и 9ти март.

comments

Би можело да ве интересира

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!