25
Нед, Јун
MotoGP

MotoGP: Дукати на врвот на тестирањето во Катар

Последниот пред сезонски тест на патеката Лосаил во Катар е пред крајот, во изминатите два дена на пустинската патека тимот на Дукати покажа дека има коњи за трка откако Ианон и Довициозо забележаа најдобри времиња.

Следете нè на:

 

04 dovizioso gp 9338 0 1.middleФантастичниот Довициозо најбрз и на вториот ден во Катар

Последниот пред сезонски тест на патеката Лосаил во Катар е пред крајот, во изминатите два дена на пустинската патека тимот на Дукати покажа дека има коњи за трка откако Ианон и Довициозо забележаа најдобри времиња.

Првиот ден од тестирањето во Катар помина во знакот на Дукати, Андреа Ианон забележа најдобро време, а неговиот клубски колега Андреа Довизиозо имаше втор резултат. Денеска пак на вториот ден од тестирањето Довициозо беше најбрз, а Ианон имаше трет резултат. Во тек е третиот и последен тест но заради временските неприлики (дожд на патеката) сесијата е одложена.

Според досегашните резултати тимот на Дукати ќе биде и тоа како конкурентен имајќи во предвид дека на тестирањето сеуште не ги користат меките гуми со кои се возат трки, а веќе имаат предност од две десетинки пред конкурентите.

Од фаворитите за освојувањето на титулата оваа сезона, Марк Маркез забележа трето време на првиот ден и второ време на вториот ден од тестирањето во Катар. Валентино Роси беше 8-ми, а потоа дојде до петтата позиција, додека пак Лоренцо започна со 6-то време на првиот ден, за денеска да биде четврти.

Одлични резултати видовме и од тимот на Сузуки на првиот ден откако Алеш Еспергаро го започна тестирањето со четврто време, за на вториот ден да биде 12-ти. Во прилог се резултатите од вториот ден на Лосаил:

Поз.ВозачБрЗемјаТимКонструкторВреме
1 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 1'54.907
2 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 1'55.091
3 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 1'55.104
4 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'55.500
5 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'55.581
6 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 1'55.582
7 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda Honda 1'55.624
8 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'55.648
9 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'55.658
10 ABRAHAM Karel 17 CZE AB Motoracing Honda 1'55.765
11 HERNANDEZ Yonny 68 COL Pramac Racing Ducati 1'55.772
12 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 1'55.795
13 REDDING Scott 45 GBR Estrella Galicia 0,0 Marc VDS Honda 1'55.803
14 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 1'55.810
15 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 1'56.058
16 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar Honda 1'56.104
17 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 1'56.259
18 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar Honda 1'56.342
19 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team Ducati 1'56.476
20 BRADL Stefan 6 GER Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'56.724
21 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda Honda 1'56.758
22 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 1'56.762
23 BAZ Loris 76 FRA Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'56.936
24 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1'57.273
25 DE ANGELIS Alex 15 RSM Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'57.390
26 MELANDRI Marco 33 ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1'57.982
comments

Би можело да ве интересира

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!