Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. 

Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. Иако беше еден од најбрзите возачи за време на тестовите, Италијанецот сепак смета дека во моментов е далеку од Вињалес и ќе треба напорно да работи доколку сака да го победи.

654324

„Задоволен сум од тестот но сепак не сум премногу среќен. Моето време е добро се додека не го споредите со времето на Вињалес. Тогаш не е толку добро! Тој е навистина брз и има голема самодоверба. Мислам дека ако сакаше можеше да постигне и подобро време.“

„Освен тоа, задоволен сум со се друго што постигнавме за време на тестовите. Секој ден имаше различни услови и мислам дека сме подготвени за се што не очекува. Сепак има простор за напредок.“

Патеката во Катар му одговара на Довициозо. Во изминативе неколку сезони Италијанецот постојано се наоѓа при врвот по крајот на тркала. Во 2015 се бореше со Валентино Роси, во 2016 со Хорхе Лоренцо а сега Довициозо посакува да се бори со Вињалес.

„Би бил среќен доколку се повтори истото бидејќи тоа би значело дека се наоѓам при врвот. Нема да биде лесно бидејќи голем број на возачи се квалитетни но трката е нешто сосема различно од тестовите. Ќе видиме што ќе се случи.“

Back To Top