MotoGP

MotoGP: Довициозо сѐ уште се бори за титулата

Денот започна сончево но силниот дожд пред самиот старт на трката му помогна на Италијанецот кој најпрво успеа да го претекне Маркез, а потоа и Јохан Зарко и Лоренцо.  

Следете нè на:

 

Андреа Довицизо сѐ уште има шанси за освојување на титулата во 2017 MotoGP шампионатот откако во претпоследната трка за оваа година во интересна борба успеа да му ја одземе победата на тимскиот колега Хорхе Лоренцо. Лидерот на табелата, Марк Маркез, се одлучи да вози посигурно и на крајот заврши на четвртото место на трката која се возеше во Малезија.

dovi lorenzo

Денот започна сончево но силниот дожд пред самиот старт на трката му помогна на Италијанецот кој најпрво успеа да го претекне Маркез, а потоа и Јохан Зарко и Лоренцо.  

Тимскиот колега на Маркез, Дани Педроса на крајот беше петти , добар резултат со оглед на условите на патеката. На шестото место се најде Данило Петручи кој поради технички проблеми мораше да стартува од последниот ред.

Валентино Роси беше најдобриот возач на Yamaha и на крајот заврши на седмата позиција. Џек Милер беше осми, а на деветото место се најде тимскиот колега на Роси, Маверик Вињалес. Пол Еспаргаро имаше уште еден добар настап за Red Bull KTM и на крајот заврши на десетото место.

motogp rezultati malezija

comments

Би можело да ве интересира

„Во однос на безбедноста, Cornering ABS на предното тркало го прави она што контролата на тракцијата го прави на задното тркало.“

Џејмс од MCN помина 7000 километри на Metzeler Roadtec 01 пневматиците и еве што имаше да каже за нив.

Бројот на медиуми посветени на мотоциклите постојано се менува, а таквите промени влијаеа врз една доста популарна интернет страница: Motocycle.com.

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Живееме во време кога речиси сѐ можете да купите преку интернет, освен автомобили и мотоцикли. Но се чини дека ова второто наскоро ќе се промени откако Ducati најави дека подготвува специјален модел кој ќе може да се купи само преку интернет.

Ако сте личност која е позната по тоа што носи сомнителни одлуки и на располагање имате десетици илјади долари, тогаш ова е вашиот среќен ден.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!