MotoGP

MotoGP: Директорот на трката ја објасни казната на Роси

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Следете нè на:

 

MotoGP директорот на трката, Мајк Веб, објасни зошто Валентино Роси доби казна од 0.3 секунди на трката во Остин.

При еден обид на Зарко да го претекне Роси, Италијанецот на кратко излезе од патеката.  Тој успеа да го задржи третото место но ја зголеми предноста пред Зарко и му се доближи на Марк Маркез кој беше пред него.

Но она што е најважно, откако се врати на патеката, Роси не ја намали брзината и ја задржа предноста пред своите конкуренти.

Директорот на трката, Мајк Веб, изјави: „Не можеш да стекнеш предност ако излезеш од патеката. Очигледно е дека се стекна со предност бидејќи му се доближи на Маркез. Затоа ја намаливме таа предност.“

rosi zarco 1

„Но од друга страна, Роси не излезе намерно од патеката. Тој беше оттурнат од друг возач. Доколку намерно го направеше тоа, казната ќе беше поголема. Во овој случај беше јасно дека не излета намерно. Но исто така не ја намали и предноста која ја доби.“

„На сите им беше јасно, вклучувајќи го и Роси, дека стекна предност. Исправно ќе беше ако ја намалеше брзината и ја вратеше истата разлика што ја имаше претходно. Подоцна во текот на трката, истото му се случи и на Лоренцо но тој не стекна предност и поради тоа не реагиравме.“

„За да бидеме фер кон сите возачи, откако ќе ја видиме предноста која ја добиваат, без разлика на причината, мораме да ја одземеме таа предност. Нормална казна е возачот да се врати едно место назад. Но не постапивме така бидејќи немаше никаква намера од страна на Роси.“

rosi zarco 2

Казната, која беше изречена на крајот на трката, ќе имаше некаков ефект само доколку Роси имаше предност од 0.3 секунди пред  другиот возач. Но на крајот Роси заврши со предност од 2 секунди во однос на Дани Педроса.

„Казната (0.3 секунди) можеби ви делува смешно, но причината поради која чекав за да ја одобрам е бидејќи чекав потврда за да ја видам разликата која се направи. Доколку ја намалеше брзината немаше да има казна. Но тој не го направи тоа.“

После трката Роси изјави дека казната од 0.3 секунди е во ред. За него проблемот не се директорите на трката туку Зарко.

38 годишниот возач сега е лидер во генералниот пласман и има шест поени предност пред тимскиот колега Маверик Вињалес кој излета на почетокот на трката.

comments

Би можело да ве интересира

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Во надополнувањето на правилникот се наведува дека тимовите и производителите може да додаваат аеродинамични компоненти се додека тие ги задоволуваат правилата.  Со ваквата одлука, сега се отвора можноста производителите да ги нудат аеродинамичните крилца и на продукциските модели.

Силвиан Гинтоли пoтврди дека ќе се натпреварува следната сезона иако го загуби местото  во Светскиот и во Британскиот Супербајк шампионат.

Ивчески дојде до нај големиот успех во брзински мотоцклизам во Македонија откако ја освои титулата во БМУ Европскиот шампионат.

Бројот на денови кои можеме да ги поминеме на тркачката патека се намалува, новите машини за следната година веќе беа претставени, а дополнително, ни пристигнува и зимата. За мото индустријата, ова е слаб период од сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!