MotoGP

MotoGP: Девет победи на девет трки за Маркез

Трката за ГН на Германија започна необично заради дождот кој паѓаше пред трката, па така поголем дел од возачите наместо од стартната рамнина, трката ја започнаа од боксот.

Следете нè на:

 

gpalemania 4gn 9668 originalНевообичаена глетка на МотоГП, старт од пит лејнот за повеќето возачи

Трката за ГН на Германија започна необично заради дождот кој паѓаше пред трката, па така поголем дел од возачите наместо од стартната рамнина, трката ја започнаа од боксот.

Старт од пит лејнот наместо од стартната рамнина за Марк Маркез, Дани Педроса, Валентино Роси, Хорхе Лоренцо и многу други возачи кои се одлучија за промена на моторот пред стартот на трката. Пред почетокот на загревачкиот круг трката беше означена како мокра, но по вртењето на првиот круг возачите сватија дека прават грешка со пневматиците за дожд бидејќи патеката брзо се сушеше, па се одлучија за промена на моторите. Еден од ретките возачи кои направи правилна проценка на ситуацијата беше Штефан Брадл кој заедно со возачите од задниот дел на гридот стартуваше како што треба, од стартната рамнина. 

За жал сетапот на моторот на Брадл беше наместен за мокра трка, па иако тимот успеа да направи промена на пневматиците на време, лошиот сетап на крајот му го донесе само 16-то место на неговата домашна патека.

Марк Маркез повторно беше максимално мотивиран и сконцентриран, па иако стартуваше од боксот успеа да ја забележи деветтата победа од девет трки, соборувајќи го рекордот во МотоГП за најмлад победник на девет последователни трки од 1964 година. Единствен возач кој барем на момент најави дека може да му ги помати сметките беше неговиот клубски колега Дани Педроса, но на крајот Маркез забележа победа со предност од 1,5 секунди пред Педроса.

Хорхе Лоренцо возеше одлична трка, по подолго време го видовме мотивираниот Шпанец како се бори за секоја педа од асвалтот, па иако имаше лош старт успеа да ги помине поголем дел од возачите пред него, вклучувајќи го и Валентино Роси, за на крајот да заврши на подиумот како третопласиран.

Роси во Германија успеа да извози само за четврта позиција, и со тоа го загуби второто место во генералниот пласман, во кој сега заостанува 7 бодови зад Педроса. Убедлив на табелата е Маркез со максимални 225 бода, втор е Педроса со 148, Роси е трет со 141, а на четвртата позиција се наоѓа Андреа Довициозо со 99 бода. Хорхе Лоренцо во генералниот пласман е на петтата позиција со 97 бода.

Поз.БодовиБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 41'47.664
2 20 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1.466
3 16 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +10.317
4 13 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +19.194
5 11 29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati +23.509
6 10 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +27.809
7 9 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +33.253
8 8 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +33.868
9 7 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +34.231
10 6 35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati +34.676
11 5 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +37.744
12 4 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +45.018
13 3 17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda +45.177
14 2 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +46.676
15 1 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo IodaRacing Team ART +52.769
16   6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +53.889
17   68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +54.476
18   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +56.215
19   38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +56.293
20   5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha +1'04.083
21   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'10.928
22   63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia +1'19.975
Без пласман
    70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM 13 круга

 

comments

Би можело да ве интересира

Италијанскиот производител на електрични мотоцикли Energica е избрана да биде единствен снабдувач во новата електрична, MotoGP класа, а планирано е да дебитираат на патеките во сезоната 2019.

Морав да ги разгледам претходните текстови кои ги имаме објавено за да видам кога прв пат пушувавме за „turbocharged“ верзијата на Suzuki. Колку за информација, поминаа четири години откако Suzuki за прв пат се појави со „Recursion“ концептот на мото шоуто во Токио.

Во суштина, ваквата информација не е големо изненадување бидејќи ако можеме да судиме според неодамнешното EICMA шоу во Милано, производителите на мотоцикли во моментов се навистина заинтересирани за оваа категорија во авантуристичкиот сегмент.

Како што се очекуваше, TVS Apache RR 310 дебитираше во Индија со што заврши одложувањето кое траеше речиси една година.

Pirelli ги претстави новите гуми, DIABLO ROSSO CORSA II.

FIM Гран При комисијата ги објави новите промени на правилата за MotoGP сезоната 2018.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!