На приватниот MotoGP тест кој се оддржа во Сепанг, а кој беше скратен поради дождот, Crash.net и Gpone.com успеаа да направат интервју со генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи Далиња.

На приватниот MotoGP тест кој се оддржа во Сепанг, а кој беше скратен поради дождот, Crash.net и Gpone.com успеаа да направат интервју со генералниот менаџер на Ducati Corse, Џиџи Далиња.

Разговорот опфати широк спектар на теми. Започна со активностите на патеката каде Кејси Стонер за прв пат настапи со GP17.

Но, само што се исуши патеката, повторо заврна дожд.

C3E L hUYAAcRqX

„Во моментов, овој тест претставува залудно трошење време бидејќи патеката е влажна поголем дел од времето и затоа е многу тешко вистински да тестираме,“ изјави Далиња. „Мислам дека имавме само еден час за двата дена. Тоа не е ништо.“

„Со Кејси работиме со и без крилцата. Имаме многу работи да тестираме вклучувајќи и нова шасија. Мораме да откриеме која е најдобра.“

„Со Микеле работиме на други области, некои поинакви концепти.“

Главниот дел на неделниот приватен тест досега беше поврзан со новата кутија и издувниот вентил на сите GP17 мотоцикли. Пиро неодамна изјави во однос на кутијата дека таа е толку голема што внатре може да стави храна во случај да огладне.

За среќа Далиња беше подготвен да ни даде подетален одговор.

Дали е кутијата празна?

„Не, не е празна.“

Но внатре нема гориво?

„Нема.“

Го модификувавте издувниот вентил да биде околу кутијата...

„Го поместивме издувниот вентил за 30 милиметри. Тоа и не е некоја голема модификација.“

Дали сите мотоцикли кои се тука оваа недела го користат?

„Во моментов да.“

Дали дефинитивно ќе се користи оваа сезона?

„Ништо не е дефинитивно! Тоа е нешто што мораме да го тестираме и да го споредиме со резултатот на Микеле но за жал не поминавме доволно време на патеката за да го направиме тоа.“

Има информации дека Ducati патентирал „jet exhaust“ вентил и дека можеби....

„Сум ги слушнал тие информации. Ducati има многу патенти!“

Но нема да се користи за тркање?

„Не.“

Друга област на интерес ни беше како MotoGP аеродинамиката ќе се промени по забраната на крилцата.

„Имавме тест со Кејси. Првиот пат кога излезе на патеката беше со крилцата, а останатите беше без нив. Ова го направивме за да ја разбереме разликата и што треба да модификуваме за да ги избегнеме проблемите,“ изјави Далиња. „Бидејќи без крилцата, ова може да го потврди и Кејси,  мотоциклот е многу поопасен.“

Додатоците кои ги видовме на Ducati немаат никаква промена и за тоа постои едноставно објаснување.

„Повеќе или помалку, ова се додатоците од 2016 година само без крилца.“

Значи тие нема да се користат за тркање?

„Зависи од тоа дали ќе најдеме нешто подобро. Во тој случај сигурно ќе ја користиме новата опција.“

Дали имате нови додатоци кои ќе ги тестирате тука?

„Не, тие не се подготвени. Искрено, причината поради која чекавме со додатоците е поради тоа што ни е потребно време за да ги направиме вистинските. Се уште работиме на аеродинамиката.“

Може ли да одлучите да користите еден додаток прилагоден за брза патека, а друг за побавна патека?

„Би можело да се случи тоа, да.“

Иако нема да вози се до следниот понеделник, новиот возач Хорхе Лоренцо беше присутен на патеката за да го види денешниот тест и да работи заедно со новиот тим.

Далиња ја опиша ваквата посета како нешто нормално, а кога му кажавме дека повеќето возачи не доаѓаат да ги гледаат тестовите, тој изјави: „Хорхе е поинаков вид на возач. Мислам дека сака да разбере што ние сакаме да подобриме на мотоциклот.“

Далиња изјави дека Лоренцо внимателно ги слушал информациите што му ги давале останатите возачи, а тимскиот менаџер, Давиде Тардози, изјави дека Шпанецот веќе се чувствува како дел од фамилијата.

Минатата година се појавија гласини дека Стонер ќе му биде еден вид на тренер на Лоренцо, теорија која Далиња ја отфрли. Наместо тоа, распоредот на Стонер за 2017 година ќе биде повеќе или помалку ист: „Три или четири тестови во текот на сезоната. Но тоа зависи бидејќи можеби ќе ни треба и нешто повеќе.“

Ќе го прашате ли Кејси дали сака да се трка или таа дискусија е завршена?

„Мислам дека тоа е завршено. Ако Кејси сака да настапи, сигурно ќе му понудиме можност, но мислам дека тоа нема да се случи.“

Back To Top