„Минатата сезона доминиравме на оваа патека и се надевам дека и оваа сезона ќе биде исто“ – Хорхе Лоренцо

Успешното враќање на MotoGP трката во Австрија му даде на актуелниот MotoGP шампион Хорхе Лоренцо дополнителен мотив и желба да ја повтори доминантната победа што ја постигна на патеката во Брно минатата сезона.

Лоренцо, кој е на второто место во шампионатот и има заостанување од 43 поени во однос на Марк Маркез, е голем фан на оваа патека. За неа Шпанецот вели дека перфектно му одговара на неговиот мотоцикл.

lorenzo brn

„Постигнавме одличен резултат во Австрија после еден тежок период за мене. Затоа сум среќен што успеав да се искачам на подиумот. Среќен сум што оваа недела ќе се тркам во Брно,“ изјави Лоренцо.

„Патеката е прекрасна и одлично му одговара на YZR-M1. Ми се допаѓа патеката во Брно бидејќи има брзи свиоци и имам добри сеќавања од тука. Минатата година доминиравме на оваа патека и се надевам дека и оваа година ќе биде исто.“

„Мораме да продолжиме да се бориме и да освојуваме поени, исто како што направивме и во Шпилберг.“

Лоренцо, кој ќе му се приклучи на Андреа Довициозо во тимот на Ducati од следната сезона, тој досега има постигнато две победи на патеката во Брно, во 2010 и во 2015 година.

Back To Top