24
Чет, Авг
MotoGP

MotoGP: Чекањето заврши, време е за трка!

За прв пат по завршувањето на минатата сезона на исто место се собраа Валентино Роси, Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Марк Маркез.

Следете нè на:

 

Традиционалната прес конференција пред почетокот на секоја трка се одржа вчера вечерта на патеката Лосаил во Катар. За прв пат по завршувањето на минатата сезона на исто место се собраа Валентино Роси, Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Марк Маркез. На пресот присуствуваа и новите ѕвезди во подем, Андреа Јанон и Маверик Вињалес.

l75 0025.bigСè е подготвено за почетокот на првата рунда

Она што е возбудливо пред почетокот на оваа сезона е неизвесноста која владее во МотоГП, за прв пат по 2002 година кога започна ерата на четворотактните мотори, шампионатот се соочува со радикални промени. Нови гуми, нов лимит во однос на дозволеното гориво, унифициран софтвер за „ECU“, промени на надворешноста итн, сето тоа сумирано изгледа вака:

Според она што можевме да го видиме во периодот на пред сезонските тестови, првите неколку трки можат да донесат многу изненадувања. Возачите сеуште не се навикнати на новите гуми, а моторите сеуште не се вистински подготвени за новите технички правила. Во секој случај не очекува многу интересна сезона, а возбудувањата во Катар започнуваат денеска според следниот распоред:

 

Moto GP Qatar  SportKlub 1, Четврток (17.03.2016)
16:00 Тренинг 1 Moto 3 во живо
16:55 Тренинг 1 Moto 2 во живо
17:55 Тренинг 1 Moto GP во живо

 

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Петок (18.03.2016)
16:00 Тренинг 2 Moto GP во живо
17:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
17:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
18:55 Тренинг 3 Moto GP во живо

 

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Сабота (19.03.2016)
16:00 Квалификации Moto 3 во живо
16:55 Квалификации Moto 2 во живо
17:55 Тренинг 4 Moto GP во живо
18:35 Квалификации Moto GP во живо

 

Moto GP Qatar  SportKlub 3, Недела (20.03.2016)
16:30 Трка Moto 3 вклучување во живо
17:20 Трка Moto 2 во живо
19:00 Трка Moto GP во живо

 

За оние кои немаат пристап до СпортКлуб каналите преку својот оператор, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!