26
Пон, Јун
MotoGP

MotoGP: Четврта победа по ред за Лоренцо

Хорхе Лоренцо дојде до четвртата последователна победа на трката за ГН на Каталонија која викендов се возеше на патеката Каталуња.

Следете нè на:

 

11054803 10152875216160811 2986589876457359003 oЧетири од четири за Лоренцо

Хорхе Лоренцо дојде до четвртата последователна победа на трката за ГН на Каталонија која викендов се возеше на патеката Каталуња.

Седмата рунда во МотоГП шампионатот како што се очекуваше донесе многу возбудувања. По сензационалната пол позиција за Алеш Еспергаро, фановите ширум светот беа во очекување на трката во која освен Јамаха, Хонда и Дукати, тимот на Сузуку реално можеше да се вмеша во борбата за подиумот.

Сепак Хорхе Лоренцо беше човекот кој дојде до водство по стартот на трката, прва позиција која не ја испушти до крајот со што постави и нов рекорд од 103 последователни кругови во кои еден возач бил во водство. Лоренцо дојде до четвртата победа во низа и се доближи до само еден бод разлика од својот клубски колега Валентино Роси кој и понатаму е на чело во генералниот пласман со 138 поени.

Иако се очекуваше возбудлива трка во Каталуња на крајот бевме сведоци на нај досадната трка во сезоната. Нај заслужни за тоа се возачите кои паднаа во почетните кругови од трката меѓу кои беше и Марк Маркез. Возачот на Хонда по стартот успеа да дојде веднаш зад водечкиот Лоренцо, но веќе во третиот круг од трката излета по погрешната проценка за кочење. Честа на Хонда на крајот ја одбрани Педроса кој стартуваше како 6-ти, а веќе во следниот круг се најде на 10-та позиција. Сепак одличното возење до крајот му го обезбеди пиедесталот, односно третата позиција на трката во Шпанија.

Дукати повторно прикажа одлични резултати, барем Андреа Јанон кој дојде до четвртата позиција, додека пак Андреа Довициозо немаше среќа да ја заврши трката иако беше на одличното трето место на почетокот. За жал тој пропушти вредни бодови од оваа трка и им дозволи на возачите на Јамаха полесно да дишат во генералниот пласман.

За возачите на Сузуки ова беше половично добра трка. Тимот кој на голема врата се врати со новиот агрегат имаше 1-2 стартни позиции, но веќе на стартот се загубија во метежот кој се создаде пред првиот свиок во Каталуња. До крајот Алеш Еспергаро прикажа солидно возење па иако ја имаше четвртата позиција во џеб, на 5 круга до крајот доживеа пад и ја скрати радоста на „сините“ во МотоГП падокот. Неговиот клубски колега Маверик Вињалес кој стартуваше од втората позиција на крајот мораше да се задоволи со 6-то место.

За Маркез надежите за титулата полека но сигурно избледуваат, по 7 рунди тој се наоѓа на 5-та позиција во генералниот пласман со 69 поени, исто толку зад водечкиот Роси. Во моментот единствени возачи кои се во игра да им ги поматат сметките на возачите од Јамаха се возачите на Дукати. Андреа Довициозо и Андреа Ианон се на третата односно четвртата позиција во генералниот пласман со 94 и 83 поени.

Поз.ПоениБр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 42'53.208
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +0.885
3 16 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +19.455
4 13 29 Andrea IANNONE ITA Ducati Team Ducati +24.925
5 11 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +27.782
6 10 25 Maverick VIÑALES SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki +29.559
7 9 45 Scott REDDING GBR EG 0,0 Marc VDS Honda +36.424
8 8 6 Stefan BRADL GER Athinà Forward Racing Yamaha Forward +42.103
9 7 9 Danilo PETRUCCI ITA Octo Pramac Racing Ducati +49.350
10 6 19 Alvaro BAUTISTA SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia +52.569
11 5 43 Jack MILLER AUS CWM LCR Honda Honda +53.666
12 4 50 Eugene LAVERTY IRL Aspar MotoGP Team Honda +55.765
13 3 76 Loris BAZ FRA Athinà Forward Racing Yamaha Forward +55.832
14 2 63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Ducati +1'09.037
15 1 15 Alex DE ANGELIS RSM E-Motion IodaRacing Team ART +1'25.263
16   8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Ducati 1 Круг
Без пласман
    41 Aleix ESPARGARO SPA Team SUZUKI ECSTAR Suzuki 5 Круга
    69 Nicky HAYDEN USA Aspar MotoGP Team Honda 12 Круга
    33 Marco MELANDRI ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 19 Круга
    4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati 19 Круга
    44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 21 Круга
    93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 22 Круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR CWM LCR Honda Honda 22 Круга
    68 Yonny HERNANDEZ COL Octo Pramac Racing Ducati 23 Круга
comments

Би можело да ве интересира

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!