20
Чет, Јул
MotoGP

MotoGP: Четири од четири за Маркез

На патеката Херез во Шпанија Марк Маркез ја забележа и четвртата победа на исто толку трки во сезоната, Валентино Роси дојде до втората позиција, а Дани Педроса беше трет.

Следете нè на:

 

gpjerez marquez flag 4gn 0137 originalЧетврта победа во низа за Маркез

На патеката Херез во Шпанија Марк Маркез ја забележа и четвртата победа на исто толку трки во сезоната, Валентино Роси дојде до втората позиција, а Дани Педроса беше трет.

Патеката Херез во Шпанија беше домаќин на четвртата трка во МотоГП шампионатот. Возбудливата трка започна со четворицата „вонземјани“ на првите четири позиција, како што и заврши, само со променет распоред. На самиот старт Маркез излезе на чело од колоната но Валентино Роси успеа да го помине по само неколку свиоци, на третата позиција го следевме Хорхе Лоренцо, а зад него Дани Педроса.

Маркез откако успеа да го помине Роси воопшто не намали со темпото, туку напротив возеше максимално концентрирано и брзо и за кусо време направи разлика со која повеќе не беше во фокусот. Интересот се сврте кон борбата за останатите две места на пиедесталот, за кои се бореа Роси, Лоренцо и Педроса.

Валентино Роси возеше одлична трка, ја имаше втората позиција скоро во целата трка, а дури на крајот Педроса го нападна но Докторот успеа да го одбрани одличното второ место. Во меѓувреме следевме борба и за третата позиција, која му припадна на возачот на Хонда, откако Лоренцо едноставно немаше свој ден. Педроса вози значително подобро во однос на претходните сезони, гледаме желба за победи и жар кој му недостигаше. Можеби сега е и доцна за нешто вакво, имајќи го во предвид фантастичниот Маркез, но сеуште има многу трки за возење до крајот на шампионатот.

Интересна беше и борбата за 5-та позиција, во која главни актери беа Довициозо, Алеш Еспергаро, Баутиста и Пол Еспергаро. На крајот петтата позиција му припадна на Довициозо, Баутиста финишираше како шести, а Еспергаро заврши на седмата позиција.

Поз.Бод.Бр.ВозачЗемјаТимМоторВреме
1 25 93 Marc MARQUEZ SPA Repsol Honda Team Honda 45'24.134
2 20 46 Valentino ROSSI ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +1.431
3 16 26 Dani PEDROSA SPA Repsol Honda Team Honda +1.529
4 13 99 Jorge LORENZO SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha +8.541
5 11 4 Andrea DOVIZIOSO ITA Ducati Team Ducati +27.494
6 10 19 Alvaro BAUTISTA SPA GO&FUN Honda Gresini Honda +27.606
7 9 41 Aleix ESPARGARO SPA NGM Forward Racing Forward Yamaha +27.917
8 8 38 Bradley SMITH GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +27.947
9 7 44 Pol ESPARGARO SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha +29.419
10 6 6 Stefan BRADL GER LCR Honda MotoGP Honda +32.872
11 5 69 Nicky HAYDEN USA Drive M7 Aspar Honda +35.490
12 4 7 Hiroshi AOYAMA JPN Drive M7 Aspar Honda +40.083
13 3 45 Scott REDDING GBR GO&FUN Honda Gresini Honda +43.830
14 2 68 Yonny HERNANDEZ COL Energy T.I. Pramac Racing Ducati +52.295
15 1 8 Hector BARBERA SPA Avintia Racing Avintia +54.873
16   70 Michael LAVERTY GBR Paul Bird Motorsport PBM +1'06.182
17   23 Broc PARKES AUS Paul Bird Motorsport PBM +1'23.420
Без пласман
    5 Colin EDWARDS USA NGM Forward Racing Forward Yamaha 1 круг
    29 Andrea IANNONE ITA Pramac Racing Ducati 5 круга
    63 Mike DI MEGLIO FRA Avintia Racing Avintia 6 круга
    17 Karel ABRAHAM CZE Cardion AB Motoracing Honda 17 круга
    35 Cal CRUTCHLOW GBR Ducati Team Ducati 23 круга
    51 Michele PIRRO ITA Ducati Team Ducati 25 круга

Следната трка се вози на патеката ЛеМан во Франција на 18-ти мај.

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!