По состанокот на Чешката ГП асоцијација и Дорна, местото на МотоГП трките во Брно се осигурани за периодот до 2020 година.

Пет годишниот договор за користење на патеката беше потпишан уште во август минатата година, но провизорниот календар кој го објави Дорна за 2016 Брно беше впишана како патека за која се чека договор. Со потпишувањето на договорот се потполни и последната сложувалка со која се осигураа Гранд При трките во Чешка до 2020 година.

Во Брно првата ГП трка се одржа во 1965 година, а минатата година беше поставена рекордна посетеност од 138.752 гледачи на трката односно 248.434 за време на целиот викенд.

brno staza

Проблемот што до сега Брно не беше потврдена како патека на која ќе се вози ГП се финансиите кои новата Чешка асоцијација имаше проблем да ги обезбеди. Имено Дорна наплатува голема сума од организаторот на трките, па доколку ги погледнеме бројките ќе ви стане јасно зошто се чекало до сега.

Година Износ кој го плаќа организаторот
2016 € 3,650,000
2017 € 3,860,000
2018 € 4,100,000
2019 € 4,350,000
2020 € 4,600,000

За споредба, за една трка од Супербајк шампионатот организаторот плаќа 200.000 €.

Back To Top